05 Декември, 2025
0.0310

Русија ќе ја стресат нови санкции

Објавено во: Анализа 28 Јануари, 2015 08:55

Добивај вести на Viber

Европската унија побара министрите за надворешни работи  да размислат за наметнување на дополнителни санкции против Русија. Повикот доаѓа како одговор на последниот испад на насилство во источна Украина. Унијата тврди дека Москва носи "одговорност" за дејствата на сепаратистите, пишува The Wall Street Journal. Во изјавата со невообичаено остар за Брисел тон објавена пред закажаниот за четврток вонредна состанок на министрите за надворешни работи, 28-те лидери ги осудија убиствата на цивили за време на "неселективно бомбардирање" над украинскиот град Мариупол на 24 јануари. Имаме докази за континуираната и растечка поддршка дадена на сепаратистите од Русија, која ја нагласува одговорноста на Русија. Ние инсистираме Русија да ги осуди активностите на сепаратистите и да го испочитува договорот од Минск ", објавија европските лидери. Тие планираат да разговараат за ситуацијата на следен самит, кој во моментот е планиран за 12 февруари. Во меѓувреме, лидерите рекоа дека во екот на влошената ситуација "очекуваме Советот за надворешна политика да ја разгледа ситуацијата и да процени што ќе е адекватна акција, особено дополнителни рестриктивни мерки насочени кон брзо и целосно спроведување на примирјето и мировниот договор, кои беа потпишани во Минск во септември ". Изјавата се вклопува во драстичната промена на расположението во Брисел. Само пред една недела министрите за надворешни работи дискутираа за евентуалната можност да ги намалат тензиите со Москва, со укинување на некои санкции во иднина, надевајќи се дека ситуацијата во Украина се смирува. Обновеното насилство од минатата недела ги зацврсти мислењата и доведе до бројни гласови, повикувајќи за нови санкции во блиска иднина. Изјавата исто така сугерира дека има значителна обединетост во блокот да се зголеми притисокот врз Москва. Сите 28 влади ќе треба да се согласат за да бидат продолжени сегашните санкции против Русија, кои истекуваат меѓу март и јули. К.К.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени