05 Декември, 2025
0.2175

Русија купува 35 американски „Боинг 737“

Објавено во: Стил 02 Ноември, 2012 11:15

Добивај вести на Viber

Рускиот индустриски конгломерат и производител на воздушната опрема во државна сопственост „Russian Technologies“ ќе купи 35 авиони Боинг 737 MAX од САД за 3,5 милјарди долари, објавија вчера двете компании во заедничкото соопштение. Боинг неодамна предвиде дека Русија и соседните земји во наредните 20 години ќе имаат потреба од 1140 нови авиони во вредност од 130 милијарди долари. „Русија станува клучен партнер во сè што правиме. Ова е од суштинско значење не само за нашето производство, туку и за инженерството,  вселенската програма и услугите", рече претседателот и извршен директор на Боинг, Рејмонд Конор на прес-конференцијата во Москва.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: