Русија може да им испорача ракети на Иран до крајот на годината
Објавено во: Свет 14 Април, 2015 13:38
Русија може да ги испорача ракетните системи на Иран до крајот на годината. Тоа го изјавил Али Шамхани, секретар на иранскиот Врховен совет за безбедност.
Претходно стана јасно дека Москва ја крева својата забрана за испорака на оружје кон блискоисточната земја. Рускиот претседател Владимир Путин ја укина забраната за испорака на ракетните системи „С 300“ откако Техеран се согласи на рамковен договор со светските сили за спорната нуклеарна програма.
Одлуката на Русија доаѓа пред какви и да било санкции против Иран да бидат укинати и се очекува следната недела да продолжат техничките преговори за договорот.
Во исто време секретарот на московскиот национален совет за безбедност Николај Патрушев изјавил дека на рускиот производител на оружје ќе му бидат потребни најмалку половина година, за да се подготват ракетите за испорака.
Москва ги престана пратките на „Со 300“ во 2010 година, откако ОН и воведоа санкции на Техеран, по што Иран поднесе тужба против Русија за 4 милијарди евра во арбитражниот суд во Женева поради раскинувањето на договорот за 800 милиони евра.
Можеби ќе ве интересира
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете




