Русија не може да ги евакуира своите државјани од Јемен
Објавено во: Свет 01 Април, 2015 22:43
Предводена од Саудиска Арабија коалиција од арапски држави, кои водат операција против шиитските бунтовници хуси во Јемен, не го пуштаат рускиот авион во Јемен за евакуација на државјани на Русија, пренесоа агенциите.
Коалицијата „му забранила на рускиот авион да ги евакуира од Јемен граѓаните на Русија, и покрај претходниот аранжман“, посочува локална телевизија, без дополнителни коментари или појаснувања.
Претходно денеска јеменскиот министер за надворешни работи Ријад Јасин, кој најде засолниште во саудиската престолнина Ријад, побарал од меѓународната коалиција да испрати на помош копнени сили.
„Ги повикувам за испраќање на копнени сили, бидејќи мислам дека во даден момент воздушните напади ќе станат неефикасни“, изјавил Јасин.
Можеби ќе ве интересира
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете




