РУСИЈА ПОТВРДИ: Турција поднесе барање за полноправно членство во БРИКС
Објавено во: Економија 04 Септември, 2024 20:14
Турција поднесе барање за полноправно членство во БРИКС.
Помошникот на претседателот на Руската Федерација потврди дека Турција поднела барање за полноправно членство во БРИКС и посочи дека земјите членки ќе го разгледаат.
„Турција може да стане силна, просперитетна, престижна и ефикасна земја доколку ги подобри односите со Истокот и Западот истовремено. Секој друг метод, освен овој нема да ѝ користи на Турција туку ќе ѝ наштети“, изјави изминатиов викенд турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Истанбул.Именувана според членките Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, групата БРИКС вклучува земји што не се наведени во акронимот, како што се Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Етиопија и Египет, кои се приклучија на почетокот на годинава. Овој блок се смета за алтернатива на глобалната сцена на групата Г7 предводена од САД.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




