РУСИЈА ПОТВРДИ: Украина почна нова офанзива во Курск
Објавено во: Свет 05 Јануари, 2025
И Русија потврди дека Украина почнала контраофанзива во Курск.
„Украина почна нова офанзива во рускиот регион Курск“, вели руското Министерство за одбрана.
Во соопштение, руската војска вели дека се во тек напори за уништување на украинските офанзивни групи. Украински функционери, сугерираа дека се спроведува операција во Курск.
Украина првично почна операција во Курск во август лани и успеа да зазеде голема територија. Но, во текот на изминатите месеци, руските сили напредуваа во областа и ги истиснаа Украинци во голем дел од регионот.
Руската војска денеска на Телеграм објави дека Украина почнала контраофанзива за да ја запре руската офанзива во регионот Курск.