СНИМЕН МОМЕНТОТ КОГА ПОЧНА КАТАСТРОФАЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС ВО ТИБЕТ: Луѓето панично бегаат, паѓаат згради
Објавено во: Свет 07 Јануари, 2025
Моментот кога разорниот земјотрес што утринава го погоди хималајскиот регион на Тибет во југозападна Кинат, забрзано се шири на социјалните мрежи.
Според најновите податоци бројот на загинати е над 100-тина, а како што информираат кинеските државни медиуми, многу згради се уништени.
Има и многу повредени, а уништени се повеќе од илјада куќи. Пожарникарите трагаат по тела под урнатините.
Според новинската агенција Синхуа, земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала го погоди северното подножје на Хималаите во близина на еден од најсветите градови на Тибет, оштетувајќи ги зградите околу Шигатсе и принудувајќи ги луѓето на улиците во соседните Непал и Индија.
BREAKING : More than 100 people died while large numbers of people are missing and injured in Tibet region after earthquake of 7.1 magnitude hit the Himalayan belt in Nepal, Tibet & India. Prayerspic.twitter.com/5UTzCpLxzX
— Baba Banaras™ (@RealBababanaras) January 7, 2025
Сега на социјалните мрежи се појави видео од моментот кога земјата почна да се тресе. Како што можете да видите на видеото, се почнало да се тресе, а граѓаните панично бегале.
Земјотресот во 9:05 часот по локално време (01:05 часот по Гринич) бил на длабочина од 10 километри, соопшти Кинескиот мрежен центар за земјотреси.
фото: EPA-EFE/XINHUA / Jigme Dorje