ЗАХАРОВА ОБВИНИ ЗА „НАМЕРНО УБИСТВО“: Украинците во Доњецк елиминираа руски новинар
Објавено во: Свет 05 Јануари, 2025
Руски новинар е убиен во украински напад со дрон во Доњецк.
Руската медиумска куќа Известија во саботата доцна ноќта објави дека во насочен напад на украински беспилотно летало е убиен нивниот новинар во близина на градот Доњецк.
„Украинската армија со дрон целено нападна цивилен автомобил во кој се наоѓаше дописникот на Известија, Александар Мартемјанов“, објавија медиумите на својот канал Telegram, додавајќи дека автомобилот се наоѓал далеку од линијата на конфликтот и бил јасно обележан.
Автомобилот се движел по автопатот што ги поврзува Доњецк и градот Горловка на северот на земјата.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова го нарече инцидентот „намерно убиство“.