15 Декември, 2025
0.1580

Русија повикува на преговори и запирање на насилството во Јемен

Објавено во: Свет 07 Април, 2015 11:46

Добивај вести на Viber

Русија објави дека е разочарана од коалицијата предводена од арапската коалиција од воената операција против бунтовниците хуси во Јемен без мандат на ОН и ги повика страните во конфликтот да го запрат насилството и да преговараат, пренесе АФП.

"Се разбира, бевме благо речено малку разочарани од фактот дека оваа операција е започната без консултации во Советот за безбедност" на ОН, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров .

Операцијата, која се води од крајот на март од десетина држави на чело со Саудиска Арабија, "всушност нема никаква молба на меѓународно ниво", рече тој. Лавров ги повика сите страни во конфликтот во Јемен да прекинат со насилството во кое во последните 24 часа загинаа над 110 лица, и "да се вратат на патот кон мирно решавање".

"Хусите треба да престанат со операцијата во Јужен Јемен. Тоа примирје треба да е безусловно. Коалицијата треба да ги запре воздушните напади. Сите земји (по конфликтот) во Јемен треба да седнат на преговарачка маса. Тоа е целосно во рамките на нашите можности ", рече рускиот министер за надворешни работи.

Лавров увери дека рамковниот договор меѓу Иран и шестте големи сили за нуклеарната програма на Техеран нема да предизвика трка во вооружување, јави Ројтерс.

Постигнатата во четвртокот времена спогодба меѓу Иран, САД, Кина, Русија, Франција, Велика Британија и Германија ќе ги ограничи нуклеарните активности на Техеран за барем една деценија во замена на постепено укинување на западните санкции.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека конечниот договор заснован на рамковниот договор од Лозана, би го загрозил опстанокот на Израел и ќе го зголеми ризикот од нуклеарна трка во Блискиот Исток.

"Нема причини за трка во вооружување. Иран ќе биде најдобро прегледана страна ако договорените во Лозана принципи бидат преведени на јазикот на практичните договори ", рече тој.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев