19 Декември, 2025
0.1183

Русија сака да експлоатира ураниум во Нигер

Објавено во: Економија 29 Јули, 2025 20:28

Добивај вести на Viber

Русија сака да експлоатира ураниум и да развива цивилна нуклеарна енергија во Нигер, изјави рускиот министер за енергетика Сергеј Цивилев за време на официјалната посета на Нијамеј.

Нигер го управува воена хунта која беше воспоставена со државен удар во јули 2023 година, предводена од генералот Абдурахаман Тиџани, кој се залага за суверенистичка политика.

Владејачката воена хунта ѝ го сврте грбот на Франција, поранешна колонијална сила, за да се приближи до Русија, која им помага во борбата против џихадистите, како и во Мали и Буркина Фасо, кои исто така ги управуваат хунти.

Во јуни, воениот режим ја национализираше Сомаир, подружница на францускиот ураниумски гигант Орано (поранешна Арева), која ја изгуби оперативната контрола врз компанијата пред неколку месеци.

Во понеделник, рускиот министер за енергетика беше во официјална посета на Нијамеј, предводејќи ја руската делегација, каде што се сретна со генералот Абдурахаман Тиџани за да разговараат за економската соработка меѓу двете земји.

„Нашата главна цел е да ископуваме ураниум и да создадеме цел систем за негова експлоатација“, изјави Цивилјов за државната телевизија по средбата со генералот Тиџани.

Руската компанија Росатом и Министерството за енергетика на Нигер потпишаа меморандум за разбирање за соработка во областа на цивилната нуклеарна енергија, според денешното соопштение за медиумите на руското Министерство за енергетика.

foto EPA-EFE/HAMID FORUTAN

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии