20 Декември, 2025
0.0790

Русија сака парче од државниот имот на Грција

Објавено во: Балкан 21 Септември, 2013 18:35

Добивај вести на Viber

Русија пројавува сé поголем интерес за приватизацијата во Грција . Руските државни железници го разгледаат купувањето на грчкиот железнички оператор. Газпром пак ги обнови преговорите за гасната компанија DEPA . Грција се надева дека приватизацијата ќе и донесе на нејзината економија 19 милијарди евра , која ќе помогне во намалувањето на долгот. Приватизацијата на државниот имот , која е поставена како услов од меѓународните кредитори на Грција - цвета . Во јули Атина не успеа да ја продаде DEPA , откако Газпром се откажа од договорот поради загриженоста за финансиска стабилност на компанијата. Засега Газпром само го обновува дијалогот . Русија е заинтересирана за развој на трговско- економската соработка со Грција , коментира претседателот на Советот на Руската Федерација, Валентина Матвиенко , која ја посети Атина неделава. Приватизацијата на грчките железници може да донесат солидни приходи, а земјата ќе стане дел од евроазиската транспортна мрежа. Тоа од своја страна ќе придонесе за удвојување на протокот на патници и товар од Европа и кон неа. Грчките железници превезуваат 15 милиони патници и 4,5 милиони тони товар годишно, што пак води до повеќе од 148 милиони евра приходи. Русија и Грција одамна одржуваат силни економски врски,  главно преку туризмот. Само минатата година 1,2 милиони Руси ја посетиле Грција, а секој руски турист троши во просек по 1.000 евра за шопинг и забава во Грција - одлична финансиска инјекција за грчката економија . Москва и Атина работат напорно и за укинувањето на визниот режим , што ќе го олесни движењето на туристите. Грција е и дом на многу Руси - околу 300 000 руски граѓани живеат на територијата на оваа  земја.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација