РУСИЈА ВНИМАТЕЛНО го следи снабдувањето со енергија по кризата во Турција
Објавено во: Економија 18 Јули, 2016 09:20
Во повеќето коментари посветени на неуспешниот обид за државен удар во Анкара, Москва и придава приоритет на енергетската безбедност. Русија го следи режимот на преминувањето на танкерите со нафта и други стратешки суровини и стоки преку Босфорот.
Енергетските стручни кругови во Москва направија заедничка проценка дека преку Босфорот поминуваат околу 3 милиони барели нафта дневно, а Русија има значителна заслуга за тоа.
Затоа 12 часовно затворање на Проливите во Москва се набљудуваше доста внимателно и претпазливо. Лично министерот за енергетика Александар Новак коментира дека засега официјално неговата земја не работела на обезбедување на алтернативни правци во такви околности.
Првиот лет од Истанбул до Москва беше спроведен рано утринава, иако Русија воведе забрана на воздушните пораки со Турција, во согласност со одредбите на претседателот Владимир Путин за обезбедување на безбедноста на руските граѓани кои во моментов се наоѓаат таму.
Повеќе од 150 руски туристи од почетокот на бунтот во Турција не можат да се вратат во својата земја, а општи проценки велат дека таму се наоѓаат малку над 4 илјади Руски државјани. Москва соопшти дека тие ќе бидат прибрани со специјални летови.
Според повеќето експерти она што се случило нема да влијае врз билатералните односи, освен дека тензиите ќе се задржат внатре во турското општество.
Постојат проценки дека е можно да бидеме сведоци на нов удар до година-две, бидејќи Турција се наоѓа во ќорсокак поради новата нејзина надворешна политика, која предизвикува конфликти. Како ризик се посочуваат процесите во Средна Азија при едно слабеење на Турција.
Пред московското издание "Комерсант" Руслан Пухов, директор на Центарот за анализи на стратегии и технологии, и коавтор на претстојната книга "Турската воена машина: сила и слабост", ги определува настаните како сигнал дека Турција отпаѓа од "големата игра" како геополитички играч . За Москва е важно регионалната димензија на обидот за државен удар во постсоветскиот простор и особено во Средна Азија, каде Анкара во последните повеќе од 20 години гради блиски односи со новите земји и поранешни републики од поранешниот Советски Сојуз, како и во Кавказ, каде што има сериозни процеси на тензии меѓу кои Нагорнокарабхскиот конфликт зазема значајно место, а Турција има влијание врз една од страните во него - Азербејџан.
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




