Русите го сакаат македонското грозје-извозот зголемен четирикратно
Објавено во: Агробизнис 08 Февруари, 2013 10:56
За четири пати Македонија го зголеми извозот на грозје на рускиот пазар, заземајќи го 14. место меѓу земјите од кои Русија увезува грозје. Минатата година од Македонија во Русија се извезени 1.422 тони трпезно грозје, во вредност од 871 илјади евра. Од оваа количина повеќе од половина или 60 отсто се извезени само во октомври. Претходно Македонија го заземаше 17. место на листата на земји од кои Русија увезува грозје. Минатата година вкупната размена со Русија изнесуваше 393,5 милиони долари, од кои увоз е 360,3, а извозот 33,14 милиони долари.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





