Русите ja сакат Грција за нивен стратешки партнер, САД и ЕУ во паника
Објавено во: Балкан 23 Јануари, 2013 13:35
Двете необврзувачки понуди од Русите во тендерот за приватизација на националната гасна компанија Депа, и за националниот оператор со гас Десфа, ги покажуваат намерите на Русија да ја прикаже Грција како нов партнер во Југоисточна Европа. За двете компании заедно се предвидуваат 2,7 милијарди евра, што е показател за силниот интерес од страна на Москва, пишува грчки Етнос.
Геополитичкиот интерес на Русите се покажува преку учеството во процедурата за приватизација на сериозни руски компании. Тие се враќаат шест години по првата рака на соработка, дополнета со меѓудржавно разбирање за изградба на нафтоводот Бургас-Александропулос, и по меморандумот за гасоводот Јужен поток - јужниот коридор за транспортирање на гас (Бугарија-Грција-Италија). На крајот, овие проекти не постигнаа успех заради погрешните дејствувања на претходните влади, анализира весникот кој открива дека освен во учеството во приватизацијата на Депа и Десфа, Русите покажуваат интерес и за железничката компанија Траиносе - компанија ќерка на грчкиот национален железнички превозник Осе.
Според информациите, енергетскиот гигант Газпром предвидува да понуди 900 милиони евра за Депа, а Негусњефт од конзорциумот Синтез даваат 1,8 милијарди евра за Депа и Десфа, со што Русите даваат значително повеќе пари за грчките компании за разлика од останатите заинтересирани страни.
На САД и Европа во паника Сепак пишува Етнос, патот на приватизацијата на двете грчки компании не е послан со рози. Наскоро, Вашингтон и Европската Комисија ќе побрзаат да ја покажат нервозата од предноста кои ја имаат руските компании на тендерот. „ Грција треба да го усогласи сопственото законодавство со она на Европската унија. За тоа се договоривме сите држави, да има различни страни за задоволување на енергетските потреби, за земјата да не се доведе во позиција на заложништво“, изјави пред неколку дена Викторија Њуланд, портпарол во Стејт департментот. Во моментов, руското здружување е предмет на голема истрага во Европската унија, поврзано со конкуренцијата. Се појавија коментари дека тоа е причината заради која во втората фаза од тендерот биле исфрлени италијанската Ени и француската Електрисите де Франсе. Но и покрај притисоците од САД и ЕУ, Русите си остануваат на својот став. Како втор проблем Етнос ја посочува и трагичната економска ситуација на енергетскиот пазар во Грција. Долговите изнесуваат над 1,5 милијади евра. Задолженијата на клиентите кон Депа изнесуваат околу 500 милиони евра.Јасно е дека проблемот произлезе заради долговите кои ги има операторот на пазарот на електрична енергија Лагие кон производителите на електрична енергија. Тоа е едно домино од задолженијата, кое започнува од неплатени сметки за достава во износ од 1,2 милијарди евра, од страна на домаќинствата и компаниите, кон националната компанија за струја Деи.
На 23 јануари, петтемина канидидати во тендерот ќе бидат поканети во агенцијата за приватизација, за да ги подигнат документите за трговската процедура, и за да се отвори патот за достава на обврзувачките понуди.
Владата планира приватизацијата на Депа и Десфа да ја затвори до 31 март, пишува Етнос.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





