17 Декември, 2025
0.0438

Руска инвазија на Јадранот: Олигарси „меркаат“ 23 туристички проекти во Хрватска

Објавено во: Балкан 26 Септември, 2014 12:10

Добивај вести на Viber

Фирмата „Титан недвижности“, зад која стојат богати руски бизнисмени, банкари и сопственици на една од најголемите градежни компании во Москва, се пријави на тендерите за 23 проекти на хрватскиот дел од Јадранското Море. Ако ги добијат, би можеле да располагаат со имот со површина од дури 11,3 милиони квадратни метри, пишуваат хрватските медиуми. Оваа група руски олигарси веќе десет години во Загреб имаат регистрирана компанија „Титан недвижности“, па можат да работат без разлика на санкциите што Хрватска, како членка на ЕУ, мора да ги спроведува кон Русија. Меѓу инвеститорите е и една од најбогатите Русинки, Јелена Батурина, сопруга на поранешниот градоначалник на Москва Јуриј Лушков, чие богатство Форбс го проценува на една милијарда долари. Батурина живее во Лондон, сопственичка е на два фонда за недвижности и вложува во проекти во Европа и САД. За Русите најинтересни за инвестирање се 100-те проекти понудени во рамките на големата програма за приватизација што ја спроведува Државната канцеларија за управување со државен имот. Особено се заинтересирани за инвестирање во поранешните воени објекти и земјишта долж целиот хрватски брег. „Сега се е на државата. Ние сме подготвени да инвестираме. На нас санкциите не се однесуваат, затоа што фирмата е регистрирана во Хрватска“, вели Оксана Двински, директорка на „Титан недвижности“, која инаку е Украинка. Таа вели дека фирмата ќе се пријави на тендерите веднаш штом бидат распишани и оти парите не се проблем, иако станува збор за инвестиција вредна веројатно милијарди евра.

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни