Руски бизнисмени перат пари купувајќи имоти во Црна Гора
Објавено во: Балкан 28 Јануари, 2013
Поради сомнение дека со купување на два елитни хотели на Свети Стефан, перел пари од криминални активности, Црна Гора покрена истрага против рускиот државјанин Александар Рoманов, пишува весникот „Вијести“.
Весникот посочува дека кога богатите Руси пред неколку години изнакупија недвижнини на Црногорското крајбрежје, надлежните не проверуваа дали нивните милиони се чисти или потекнуваат од некое кривично дело. Со текот на времето се отвораа афера по афера, а заедничкото им беше тоа што „валканите руски пари“ завршија на црногорските сметки, анализира „Вјести“.
Александар Романов, сопственикот на два елитни хотели на Свети Стефан, кој во Русија веќе е зад решетки, е ставен на листата на оние чии пари, добиени од корупција, се испрани со купувањето недвижнини во Црна Гора, објави рускиот весник „Комсомолскаја правда“ каде се вели дека на Романов, инаку, пензиониран полковник на руската надворешно- разузнавачка служба, му бил запленет целиот имот во Москва.„Комсомолскаја правда“ пишува дека во текот на истрагата било утврдено дека парите што Романов ги стекнал со мито како висок раководител на една државна компанија, ги испрал во Црна Гора.
„Милиони рубљи и долари од таквиот профит, наводно, се испрани преку банки и потрошени на купување акции и недвжнини во странство“, тврди рускиот весник.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.