Добивај вести на Viber
Двата руски енергетски гиганти Газпром и Синтеза се најверојатните купувачи на системот за пренос на гас во Грција, што се однесува на државната компанија „DEPA“, пишува Фајнешл Тајмс.
Во специјално интервју за економскиот весник, висок службеник од грчката влада призна дека руските компании веќе понудиле цена која е невозможно да се одбие.
Според првичните податоци, грчката влада планирала приход од приватизацијата на DEPA од 1,5 милијарди долари. Но грчките контролори се загрижени дека ваквата зделка може да предизвика незадоволство во Брисел и во Вашингтон поради влегувањето на Русија во земја од ЕУ.
Од друга страна, продажбата на гасната компанија е клучен договор за програмата за приватизација програма која треба да донесе на голем приход на Грција за излез од економската криза. Се очекува договорот за DEPA да биде склучен до март 2013 година.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.