Руски кредити за модернизација на српската железница
Објавено во: Балкан 23 Мај, 2013
Со руски кредит од 800 милиони долари, српската Влада ќе ја модернизира железницата. Според договорот, кредитот ќе се користи за достава на дизел локомотиви и за изградба на локалната железничка инфраструктура во следните пет години.
Како што јавува Танјуг, договорот беше потпишан од директорот на Руската државна железница Сергеј Павлов и Железницата на Србија, Драгољуб Симоновиќ. Според најавите на српските власти, освен рускиот кредит, ќе бидат обезбедени и дополнителни пет проценти од државата , со што вкупната вредност на активностите ќе изнесува 900 милиони долари.