18 Декември, 2025
0.0489

Руски проект на векот – ДНК Ноева арка

Објавено во: Свет 14 Јануари, 2015 20:23

Добивај вести на Viber

Универзитетот Ломоносов во Москва од државниот фонд за наука доби највисок износ досега кој е одобрен со цел да се реализира проектот кој предвидува собирање на „ДНК“ примероци од сите живи, но и изумрени суштества со што би се создала првата светска база на генетски материјал од овој тип. „Проектот го нарековме Ноева арка. Целта е да создадеме база на податоци во која ќе бидат архивирани гени од целокупниот зив свет на нашата планета, вклучувајќи ги живите видови, видовите во изумирање како и достапен материјал од веќе изумрени суштества. Тоа е најголемата задача која си ја зададовме себеси“, истакнал ректорот Виктор Садивнич пред новинарите. „Генетската арка“ би требало да биде завршена до 2018 година, ќе биде изградена во универзитетскиот кампус, а одобрениот буџет за ваквиот потфат е една милијарда рубљи, односно околу 195 милиони долари. „Арката ќе ни овозможи да замрзнеме и чуваме најразлични материјали, кои подоцна ќе бидеме во можност да ги репродуцираме“, истакнал ректорот. Проектот во првата етапа планира собирање на материјал од сите природни музеи во земјата, а сите катедри на Ломоносов ќе бидат вклучени во негова реализација. Во програмата особено е регулирано учеството на најмладата генерација руски научници. „Банката со материјали ќе биде директно поврзана со најголемиот универзитет во земјата, а можно е тоа да биде случај и со универзитетите од странство. Доколку ја оствариме нашата замисла, ова ќе биде голем чекор за Русија, која ќе стане прва земја во историјата која ќе создаде Ноева арка“, рекол ректорот.

Можеби ќе ве интересира

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил