Руски рулет во македонските маркети, ќе се повлекуваат ли млеката од рафтовите?
Објавено во: Агробизнис 20 Февруари, 2013 08:58
Лани во земјава се увезени вкупно близу 55.000 тони српска пченка за добиточна исхрана, а во јануари 1.657 тони. Афлатоксинот во добиточната храна се појавува поради несоодветно чување на храната и зголемено присуство на влага. Изминатата сушна година беше идеално тло за создавање на овој канцероген токсин во пченката коментираат експертите.
-Храната за животните е во директна врска со присуството на афлатоксините во хуманата храна. Според некои автори околу 3% од внесениот со храна афлатоксин B1 се излачува со млекото (афлатоксин М1). Микотоксините (нормално, во овој случај афлатоксините) можат да се јават за време на вегетација, жетва,берба,косидба, складирање и преработка. Препораките за добра земјоделска и хигиенска пракса, правилно складирање и правилната обработка/преработка, можат во одредена мерка да влијаат на намалување на застапеноста на микотоксините. Сушата имаше влијание, временските услови при вегетацијата и жетвата се фактори на кој фармерот не може да влијае, но складирањето е важно да се изведува според општо пропишаните стандарди за складирање и чување на храната. Едно мора да се нагласи, контаминацијата на храната со микотоскини не оди по предвидлива шема, односно, ќе се развие на еден дел од нивата, на еден дел од храната складирана во магацините, што значи не се рамномерно распоредени во храната, како што е случајот со квалитативните параметри (протеини, масти, целулоза итн)-вели професорот доктор Среќко Ѓоргиевски, од Институтот за анимална биотехнологија раководител на катедра за исхрана и технологија на добиточна храна при Факултетот за земјоделски науки и храна
Од агенцијата за храна и ветеринарство најавија дека ќе ги засилат контролите на фармите, во преработувачките капацитети, како и на домашниот пазар.
Колку е безбедно домашното млеко?
Лабораториски анализи на увозното млеко што влегува во земјава се прават на 50 отсто од пратките. Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека тоа не треба да прави заблуда во однос на безбедноста, бидејќи секоја земја има законска обврска со Мониторинг прогрмата да врши лабораториски анализи на суровото млеко, врз основа на што на граничните премини млекото стигнива со сертификат за безбедност. Дел од експертите коментираат дека таквите конторли се легитимни за млека увезени од Европската унија, но не и за земји кои не се членки на ЕУ.
-Од каде може да бидеме сигурни во нивните лаборатории, доказ за тоа се последните случувања со млекото кое веќе беше влезено во земјава, но за среќа во магацините. Ние имаме добри законски акти, но лошо се реализираат-вели Борис Анакиев, пензиониран професор од Факултетот за земјоделски науки и храна.
Кај домашното млеко лабораториски анализи се прават само на суровото. Согласно Мониторинг Програмата, годишно Агенцијата е должна да испита 81 мостра сурово млеко.
„Производството на млеко во државава е под постојан мониторинг на Агенцијата за храна и ветеринарство, преку спроведување на Националниот мониторинг план за контрола на резидуи од ветеринарно медицински препарати и контаминенти кај живите животни и производите од животинско потекло во Македонија, кој е одобрен од Европската Комисија. Минатата година врз основа на овој мониторинг план, испитани се 81 мостри од сурово млеко, земени од различни фарми во државава. Според добиените резултати, ниту во една мостра не е утврдено присуство на афлатоксин, објаснуваат од АХВ
Но со Правилникот за безбедност на храна, не е задолжително испитувањето на афлатоксин на финалните млечни производи. Од АХВ предупредуваат дека тоа не треба да создаде паника кај потрошувачите во однос на безбедноста на млекото, бидејќи штом резулатите од суровото млеко се негативни, тогаш афлатоксинот го нема и во финалните производи. Сепак најавуваат дека се подготвуваат измени на Правилникот, според кои и лабораториските анализи на финалните производи ќе бидат задолжителни.
Ј.С
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





