05 Декември, 2025
0.0495

Инвестиција: Ќе се отвора нов рудник за бакар во источна Македонија!

Објавено во: Македонија 04 Јануари, 2013 08:50

Добивај вести на Viber

Фактор ексклузивно дознава дека наскоро руски Солвеј, сопственикот на радовишкиот рудник Бучим, ќе почне со подготовките за изградбата на фабрика за преработка на бакарната руда кај Кадиица. Досегашните двегодишни истражувања покажаа дека овој локалитет крие најмалку 100 милиони тони бакарна руда. Катерина Попоска Локалитетот Кадиица кај Пехчево лежи на 100 милиони тони бакарна руда, покажаа завршните детални геолошки истражувања кои „Кадиица метал“ ги правеше веќе две години.  Фактор ексклузивно дознава и дека изградбата на фабрика за преработка на бакарната руда  од Кадиица се проценува на дури 35 милиони евра, за што ќе има потреба од околу 120 вработувања. Кадиица метал е член на семејството на руската компанија Солвеј која го поседува и радовишкиот рудник за бакар во земјава, Бучим. Заменикот генерален директор на Бучим, Николајчо Николов за Фактор објаснува дека кај Кадиица нема да се отвора рудно окно, туку бакарната руда ќе се раствора под земја, без да има деградација на земјината површина. Според ваквиот начион на преработка на рудата, се работи за единствена ваква фабрика на Балканот, која ќе се прави по примерот на руските фабрики за подземно растворање на бакарната руда. „Бакарната руда од Кадиица е оксидна, што значи дека за нејзината преработка не е потребна флотација. Ќе ја преработуваме на самото место, односно ќе ја раствораме рудната резерва под земја за да добиеме течност богата со бакар. Очекуваме дека Кадиица ќе го продолжи континуитетот на Бучим во периодот 2019-2030 година“, објаснува за Фактор Николов. Тој открива и дека на терен интензивно почнале со проби како ќе се одвива производството на бакарниот концентрат. Од Кадиица метал планираат во следните шест месеци да ја завршат и Студијата за оправданост на инвестициските вложувања, Елаборатот за влијанието на проектот врз животната средина, но и да добијат концесија за експлоатација на бакарната руда од Кадиица. Бучим истражува и кај Боров Дол, Радовиш Од неодамна Бучим ги истражува и рудните резерви кај локалитетот Боров Дол, кај Радовиш. Боров Дол е богат со сулфиден бакар, руда каква што сега се ископува од Бучим. Според досегашните најави, од Бучим планираат ископаниот бакар од Боров Дол во иднина со транспортни ленти да го носат до Бучим. За 2014 година ги планираат клучните активности на овој локалитет. Николов кој е и претседател на Македонската асоцијација за рударство, вели дека можното отворање на нови рудници е мошне значајно за рударството. „Во последните 5-6 години во Македонија не е отворен нов рудник. Очекуваме позитивни резултати затоа што ќе се отвораат нови фирми, а тоа ќе значи и нови вработувања и поголеми приходи во државниот и во општинските буџети од концесиските надоместоци“, вели Николов. Отворањето нови рудници во земјава може значително да влијае на македонската економија, ако се земе предвид фактот дека во последните две години рударството учествуваше во бруто-домашниот производ со околу 20%.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино