05 Декември, 2025
0.1823

„Рускиот Давос“ пред крах, Путин не признава!

Објавено во: Анализа 09 Мај, 2014 08:12

Добивај вести на Viber

Економскиот форум во Санкт Петербург се смета за руски пандан на Давос, годишен форум на светските бизнис лидери, на кој претседателот на Русија присуствува секоја година од 2005 до сега и на кој често потпишува важни договори. Овогодинешната листа на учесници на форумот во Санкт Петербург меѓутоа е се потенка, бидејки 34 бизнис лидери, вклучувајки ги и оние од Дојче банк и Сиеменс го откажаа своето присуство во последниот месец, пишуваат руските медиуми.  Владите на западните земји вршат притисок врз компаниите да не учествуваат на форумот и да ги одбегнуваат претставниците на руското раководство погодени од неодамнешните санкции поради украинската криза, од кои голем дел ќе бидат присутни на форумот. Весникот “Известиа” објави листа на лидери на компании кои наводно го потврдиле учеството на форумот, кој ќе се одржи од 22 до 24 мај, а потоа го откажале доаѓањето. На листата се наоѓа претседателот на Сиеменс Џо Кезер, извршниот директор на Алкое, Клаус Клајнфелд, директорката на Пепси, Индра Нуџи и потпретседателот на Дојче банк, Јирген Фичен. Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков изјавил дека откажувањето на учеството на некои компании нема да влијае на програмата на форумот. Некои руски официјални претставници дури тврдат дека форумот вака ќе добие на популарност. - Тоа е добра реклама за нас, им се забалагодаруваме на нашите колеги од Белата куќа, изјавил заменик министерот за економија Сергеј Белјаков, осврнувајки се на пишувањата на медиумите дека американскиот државен врв им наложува на компаниите да го откажат учеството. - Немаме проблем со квалитетот на учесници. Челниците на најголемите европски и некои американски компании сепак планираат да дојдат, рекол Белјаков. Заменик министерот за економија на Русија, потврдил дека околу 15% од поканетите компании најавиле дека нема да дојдат во Санкт Петербург. К.К.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени