09 Октомври, 2024
0.0256

РУСКИОТ ПРОЕКТИЛ ТРИ МИНУТИ ЛЕТАЛ НАД ПОЛСКА: Патувал 40-ина километри низ полскиот воздушен простор

Објавено во: Свет 30 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Руски проектил влегол во Полска на речиси три минути, пред да сврти кон украинскиот воздушен простор. Генералот Вјеслав Кукула изјави дека еден од проектилите лансирани од Русија вчера патувал 40-ина километри низ полскиот воздушен простор. Нема извештаи дека се случила експлозија.

Тревогата се совпадна со она што Украина го нарече најголемиот руски ракетен напад од почетокот на војната. Полскиот претседател Анджеј Дуда свика состанок на националниот совет за безбедност откако проектилот е детектиран. 

Портпаролот на полската војска Јацек Горишевски изјави дека неидентификуван предмет влегол во земјата од Украина кај пограничниот град Замоск во југоисточниот регион Лублин. Тој кажа дека тоа можеби има врска со големиот руски воздушен напад на Украина. Најмалку 30 луѓе загинаа во вчерашните напади на Украина, кога цел беше и Лавов, најблискиот украински град до Лублин.

Полската влада не ја исклучи можноста да се работи за руска провокација.

„Треба да испитаме дали ова беше провокација или тест на нашата реакција“, изјави полскиот заменик-министер за одбрана Станислав Вжјатек.

Од почетокот на руската инвазија, три странски проектили влегле во Полска, а во најтешкиот инцидент во ноември 2022 загинаа двајца полски фармери кога проектил падна во село близу украинската граница. Руската инвазија на Украина почна лани на 2 февруари. 

Фото: АП

Можеби ќе ве интересира

„КИРК“ ДОАЃА ВО ЕВРОПА: Ќе предизвика значителни последици

„КИРК“ ДОАЃА ВО ЕВРОПА: Ќе предизвика значителни последици

ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА МИ6, АЛАСТЕР КРУК, „Израел станува сè послаб и трпи големи загуби, Иран испрати јасна порака до САД“

ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА МИ6, АЛАСТЕР КРУК, „Израел станува сè послаб и трпи големи загуби, Иран испрати јасна порака до САД“

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи

ЕВЕ ШТО КОРИСТАТ НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ВОЈНИЦИ: Од конзоли за играње игри до бојното поле

ЕВЕ ШТО КОРИСТАТ НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ВОЈНИЦИ: Од конзоли за играње игри до бојното поле

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако