15 Декември, 2025
0.0401

„РУСКИТЕ СИЛИ ПОБЕДУВААТ“: Путин за текот на војната со Украина

Објавено во: Свет 30 Септември, 2025 08:43

Добивај вести на Viber

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека руските сили победуваат во „праведната битка“ во Украина.

- Ние направивме она што требаше да се направи и се гордееме со тоа. Ги поддржавме нашите браќа и сестри во нивната цврста и одговорна одлука. Денес, бранејќи го тој избор, нашите борци и команданти тргнуваат во напад. Целата земја, цела Русија води праведна битка и работи напорно, рече Путин во видеообраќање објавено на веб-страницата на Кремљ.

Тој нагласи дека Русија се бори за одбрана на националните интереси, историјата, јазикот, културата и верата. - Се бориме и победуваме. Заедно ја браниме љубовта кон татковината и единството на нашата историска судбина, додаде рускиот лидер.

Русија започна целосна инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година, нарекувајќи ја „специјална воена операција“ за демилитаризација и „денацификација“ на соседната држава. Киев и западните сојузници тоа го оценуваат како неоправдана империјалистичка агресија за окупација на украинска територија.

Војната продолжува и покрај дипломатските напори на американскиот претседател Доналд Трамп, кој организираше средби на високо ниво со Путин, украинскиот претседател Володимир Зеленски и европски лидери.

Според мапи на бојното поле, Русија во моментов контролира околу 114.500 квадратни километри или 19 отсто од Украина, вклучувајќи го Крим и големи делови од источниот и југоисточниот регион.

Рускиот ресор за одбрана денеска соопшти дека неговите сили презеле контрола врз уште две населени места на фронтот во Доњецка област – Шандрихолове и Заричне. Украинските власти не го коментираа тоа, но Зеленски порача дека украинската контраофанзива кај Добропиља бележи напредок. 


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев