Руските сили убија најмалку десет работници кои чекале автобус за да си одат дома
Објавено во: Свет 03 Мај, 2022
Нови жртви има во источна Украина. Најмалку десет луѓе загинаа денеска, а 15 се повредени во руски напад на хемиската фабрика во градот Авдеевка. Информацијата ја потврди гувернерот на областа Доњецк, Павло Кириленко.
Тој предупреди дека бројот на жртви може да расте.
„Русите точно знаеја каде да нишанат, работниците штотуку ја завршија смената и чекаа автобус на автобуската станица да ги однесе дома. Уште едно цинично злосторство на Русите кај нас“, напиша Кириленко на Телеграм.
Авдеевка, град со околу 30.000 жители, се наоѓа на неколку километри од градот Доњецк, главниот град на самопрогласената Доњецка Народна Република, која е под контрола на проруските сепаратисти.
Во градот Одеса загина едно момче на возраст од 14 години, кое учело во подрум на зграда.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.