САД и ЕУ со силна осуда за насилствата на Косово, ова може да влијае на билатералните односи

Објавено во: Балкан 27 Мај, 2023 07:26
САД и ЕУ ги осудија вчерашните немири во северно Косово. САД велат дека тоа ќе влијае на билатералните односи.
Амбасадорот на САД во Приштина, Џефри Ховениер, ја осуди постапката на косовските власти и повика таа веднаш да се прекине.
„САД ја осудуваат акцијата на косовските власти да пристапат до општинската зграда на северот на Косово. Таа насилна мерка мора веднаш да престане“, напиша на Твитер амбасадорот на САД во Приштина, Џефри Ховениер.
Европската унија ги осудува судирите во кои учествуваа косовската полиција и демонстрантите на северот на Косово, иницирани од обидот на новоизбраните градоначалници да влезат во општинските згради.
„Силно изразуваме жалење за нападите врз патролите на цивилната мисија на ЕУ на Косово, Еулекс. На Еулекс мора да му се дозволи мирно да го спроведува својот мандат“, се наведува во пишаната изјава на Петер Стано, главниот портпарол за надворешна политика и безбедност на Унијата.
Велат дека неодамнешните дополнителни избори на северот на Косово не нудат долгорочно политичко решение за вклучените општини. Таквото решение може да се најде само преку вистински дијалог меѓу сите клучни чинители, кои ги вклучуваат Косово, Србија и заедницата на косовските Срби, со посредство на ЕУ.
Косовската претседателка Вјоса Османи се повика на Уставот и рече дека акцијата била легитимна. Српските власти порачаа дека нема да дозволат нова „Бура“ и протерување на Србите од Косово. Десетина се повредени во немирите.
Можеби ќе ве интересира
ЗАКИНТОС СЕ ТРЕСЕ: Земјотрес од 4,8 степени удри во Јонското море

ХАОС И ЗА ВЛЕЗ И ЗА ИЗЛЕЗ ОД ЗЕМЈАВА: Прешево и Богородица преполни со возила

(ВИДЕО) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО ХРВАТСКА, ОГНОТ ГОЛТА СЕ ПРЕД СЕБЕ: Туристите бегаат,морничави снимки пристигнуваат од познатото летувалиште

КУПУВАМ ВО МАРКЕТИ, ПА СИ ПОДГОТВУВАМ ОБРОЦИ: Туристите се шокирани од цените во Будва

(ФОТО) НЕВРЕМЕ ВО ХРВАТСКА: Дрвја паднаа врз туристи, а гром удри во Германец

Нова провокација од Бугарија? Претседателот на згаснатиот „Ванчо Михајлов“ примен во бугарското МНР

(ВИДЕО) ВУЧИЌ ВО ПАРК: Време е да ги подобрам физичките карактеристики, да бидам малку помалку дебел

(ВИДЕО) НЕСРЕЌА ВО ГРЦИЈА: Хеликоптер се урна во морето

ПОЧНА СЕЗОНАТА НА ДОМАТ – ТУРИЗАМ, КРИШКА ЛЕБ СО ПАШТЕТА НА ПЛАЖА ЗА ДВАЈЦА: Денот се поминува со помалку од 5 евра
