20 Декември, 2025
0.5882

САД и Турција прецизираат детали за заеднички операции против „Исламската држава“

Објавено во: Балкан 25 Август, 2015 11:47

Добивај вести на Viber

Портпаролот на Белата куќа Џош Ернест изјавил пред новинарите дека преговорите помеѓу САД и Турција за договорот за продлабочување на соработката во борбата против „Исламската држава“ продолжуваат, соопштува турскиот весник „Милиет“.

Портпаролот го посочил оваа како одговор на прашањата на новинарите во врска со изјавата на турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу за „Ројтерс“ за тоа дека техничките преговори за договор со САД за операции против „ИД“ се завршени и во скоро време Турција и САД ќе преземат „екстензивни“ воздушни операции.

Џош Ернест изјавил дека не може да потврди дека е постигнат договор помеѓу двете земји. Истовремено, тој истакнал дека неговите зборови не се спротивни на кажаното од Чавушоглу, туку само се прецизираат дека преговорите продолжуваат.

Портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби изјавил од своја страна, дека сега се договараат последните технички детали од договорот со Турција.

Турција и САД ќе преземат наскоро „екстензивни“ воздушни операции, за да ги избркаат борците на „Исламската држава“ од зона во Северна Сирија, која граничи со Турција, изјавил вчера во интервју за „Ројтерс“ турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу. Тој додал дека разговорите помеѓу Вашингтон и Анкара во врска со деталите за овие планови се завршени во неделата.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација