18 Април, 2024
0.0273

САД ја почнаa втората Студена војна против Русија

Објавено во: Анализа 03 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Хистеријата во САД против Русија кулуминираше откако Доналд Трамп мораше да го потпише законот со кој се наметнуваат жестоки санкции за наводното руско мешање во американските претседателски избори и се таргетирани кон енергетскиот сектор. САД за жал наместо под водство на Трамп да ги затопли односите со Русија и да влезе во нова ера на трговска и економска соработка, како и да ја подобри борбата со глобалните предизвици меѓу кои и тероризмот, решија всушност да започнат нова трговска, но уште пострашно втора Студена војна.

Самиот Трамп посочи дека изгласаните санкции во Конгресот му ги ограничуваат уставно загарантираните ингеренции како предводник на извршната власт и ги ослабуваат позициите на САД во меѓународните преговори. Тој се надева дека санкциите ќе ја испратат потребната порака до Русија и дека односите и покрај се ќе се подобрат па од нив ќе нема потреба. 

Ваквите коментари дополнително ги разгневија американските конгресмени кои иако се погрижија претседателот да не може на своја рака да ги олесни санкциите порачаа дека внимателно ќе ја следат неговата администрација за која се сомневаат дека има нелегална соработка со руската влада која во изминатиот период ја прогласија за непријателска.

„Американскиот естаблишмент го порази Трамп. Претседателот не е радосен од новите санкции, но не може да не го потпише законот. Новото воведување санкции се јави како начин за дисциплинирање на Трамп. Претстојат нови постапки, чијашто крајна цел е неговото отстранување од власта. Оној што не игра според системот треба да биде ликвидиран“, посочи рускиот премиер Дмитри Медведев. 

Тој е сосема во право бидејќи политичкиот естаблишмент и американските разузнавачки служби активно работат да го поткопаат претседателството на Трамп пумпајќи ја приказната за недозволено соработување со руските владини агенти.

Со овој потег тие се вратија 30 години во екот на судирот меѓу САД и Советскиот сојуз иако сега воопшто Русија не претставува таков вид на закана. Малкумина во САД сфаќаат дека Трамп се обидуваше фокусот да го насочи против Кина која е реална закана, како во економски, така и на меѓународен план со се поголеми апетити кои можеби досега беа тивки но, сигурно во наредната деценија драстично ќе испливаат на површина. 

Претходно портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, коментирајќи го потпишувањето на законот за санкции од страна на Трамп, изјави дека тој чин не менува ништо бидејќи тој и онака ќе бил спроведен откако го изгласа Конгресот. Зборувајќи за можните возвратни мерки од страна на Москва, портпаролот на Кремљ за руските медиуми кусо одговорил дека „тие се веќе преземени“.

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза