Добивај вести на Viber
Владата на САД ќе додели 107 милиони долари итна помош за настраданите во ураганот Сенди соопштија од прес-службата на Федералната агенција за вонредни состојби.
До вчера за итна парична помош до федералниот центар се обратиле над 122.000 лица, соопшти агенцијата за вонредни состојби.
Станува збор за над 69.000 жители на државата Њујорк, 49.000 на Њу Џерси и 2.400 на Конектикат. Тие ќе добијат соодветно 75 милиони, 31 милиони и 368.000 долари.