16 Декември, 2025
0.0337

САД се вклучија во арапската коалиција против шиитите во Јемен?

Објавено во: Свет 01 Април, 2015 14:05

Добивај вести на Viber

Борбени бродови на САД се приклучија на воздушните операции на коалицијата предводена од Саудиска Арабија и коалиција против шиитските бунтовници во Јемен, соопшти „PressTV“.

Изворот изјави за руските медиуми дека американските бродови учествувале во воздушните напади против шиитите во Јемен.

Американски бродови учествувале во воздушните напади над Сана, тие лансирале ракети, појаснил изворот.

Извпрот додал уште дека воени авиони на Саудиска Арабија не успеале да погодат магацини со оружје на хусите и дека американските бродови им помогнале во таа цел.

За прв пат се споменува директно американско учество во конфликтот во Јемен.

Претседателот на САД, Барак Обама изрази поддршка за операцијата ден по отворањето на воената кампања на 25-26 март.

Денес при воздушни напади од страна на арапската коалиција загинале најмалку 35 лица, а најмалку 25 се повредени. Била погодена фабрика за храна во западна провинција во Јемен.

Според ОН најмалку 62 деца се убиени, а повеќе од 30 се повредени во Јемен од почетокот на бомбардирањето.

Во операцијата учествуваат Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт, Бахреин, Катар, Јордан, Мароко, Судан, Пакистан и Египет. САД обезбедила логистичка поддршка.

Ријад ја започнал кампањата во Јемен со цел обновување на власта за претседателот Абед Мансур Хади, кој избега од хусите кои го заземале главниот град Сана и други територии во земјата.

Можеби ќе ве интересира

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете