28 Септември, 2024
0.1808

САД удри со сите сили кон Русија – Путин не сака да возврати!

Објавено во: Анализа 01 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Американските софтверски корпорации Microsoft , Oracle , Symantec и Hewlett- Packard (HP) се приклучија на санкциите на САД против голем број руски компании и банки , пишува Газета.ру. Весникот се повикува на извори од банка " Россия", која се најде на црната листа за санкции. Банката очекува секој момент да и биде суспендиран откупот од страна на Microsoft и другите компании и се подготвува да премине кон услуги од руски софтверски компании . Како блиска до претседателот Владимир Путин банката падна уште во првата листа со санкции, а во покусата листа беа додадени "СМП банк" и " Инвесткапитал банк". Од Microsoft и Oracle имале средба и со претставници на друга казнета банка и ги предупредиле да се подготвуваат за прекин на услугата. На американските компании им се забранува да имаат каков и да е бизнис со оние кои се во списоците било да се физички или правни лица. На руските компании сепак ќе им биде многу тешко да се придвижат кон опрема од родната земја, забележува Газета.ру. 90 отсто од нив се со странски софтвер, пишува изданието. Како дел од санкциите на САД и ЕУ, замрзнати се сметките во американските банки и е забрането влегување во САД на голем број влијателни личности, меѓу кои најпознат е соработникот на Путин - Игор Сечин, кој е претседател на "Роснефт". Во црната листа со санкционирани од ЕУ лица пак влегува и рускиот вицепремиер Дмитриј Козак. На листата се вкупно 15 лица. Првиот " пакет " санкции од страна на САД Путин ги оцени како "непријателски и нанесување штета врз руско- американските односи". "А што се однесува до вториот - сосема несфатливо е за што станува збор и со што е поврзан", смета рускиот претседател. Владимир Путин коментира уште дека партнерите на Русија побарале "Моќно сценарио за решение на украинската криза, потоа го реализираа, а ете до што доведе тоа и сега бараат виновни ". Русија сепак нема ништо заедничко со случувањата во Украина и на нејзина територија нема руски специјалци, категоричен беше тој, цитира РБК. Владата на Русија имаше предложено воведување на одмазднички санкции против САД и Европската унија ( ЕУ ), но сепак претседателот Владимир Путин не ја поддржал и не го одобрил ова барање. Ова го изјавил самиот Путин пред новинарите, цитира ИТАР - ТАСС . "Сметам дека во моментов нема потреба од такви дејствија", коментирал тој, додавајки дека ако санкциите на Западот продолжат, земјата ќе анализира" кој и како работи во клучните индустрии на руската економија, вклучително и во енергетиката". "Никако не сакаме да пристапиме кон таквите чекори и одмазднички мерки, се надевам дека нема да дојде до тоа", објаснил Владимир Путин. К.К.