САД воведоа санкции за палестинските функционери
Објавено во: Свет 31 Јули, 2025 18:04
Соединетите Американски Држави воведоа санкции за Палестинската самоуправа и за Организацијата за ослободување на Палестина (ПЛО). Како објаснување, денеска Стејт департментот во Вашингтон, соопшти дека двете организации продолжуваат да го поддржуваат „тероризмот“ преку поттикнување насилство и исплата на пари на палестинските терористи и нивните семејства.
Според министерството, санкциите се состојат во неиздавање на американски визи за членовите на Палестинската самоуправа и на ПЛО.
Стејт департментот на САД, исто така, ја критикуваше Палестинската самоуправа, со седиште во Рамалах на Западниот Брег, која го „интернационализира“ својот конфликт со Израел преку вклучување на Меѓународниот кривичен суд и Меѓународниот суд на правдата.
Но, за многу западни влади, Палестинската самоуправа и нејзиниот претседател Махмуд Абас се важни соговорници. Абас е претседател на ПЛО. Абас и организациите што ги води се во ривалски однос со радикално-исламистичката палестинска организација Хамас, која на 7 октомври во 2023 година изврши напад на Израел.
Франција, а потоа и други земји најавија дека планираат да ја признаат Палестина. Ова не им се допадна на САД и Израел.
Можеби ќе ве интересира
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете
Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат




