САДУЛА ДУРАКИ ОД ДУИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОД ЗАМЕНИК ДИРЕКТОР ВО „ТЕЛЕКОМ“ - ќе си биде пратеник, функциите се неспојливи
Објавено во: Економија 13 Јуни, 2024 15:08
Садула Дураки од ДУИ кое е избран како пратеник во Собранието, поднесе оставка од фунцијата заменик претседател на Одборот на директори на „Македонски телеком“, поради неспојливоста на двете функции.
За тоа нашата телекомуникациска компанија транспарентно ја извести инвеститорската јавност, преку Македонската берза за долгорочни хартии од вредност.
„Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следниве измени во органите на управување: Врз основа на член 33 од Правилата за котација на Македонска берза на хартии од вредност АД Скопје, Македонски Телеком АД – Скопје известува дека г. Садула Дураки поднесе оставка од позицијата Неизвршен член и Заменик Претседател на Одборот на директори на Македонски Телеком АД - Скопје поради неговиот избор како пратеник во Собранието на Република Северна Македонија во смисла на неспојливост на функцијата согласно член 9 од Законот за пратеници“, се вели во компаниската објава до Берзата.
Можеби ќе ве интересира
НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?
„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети




