САЕМ ЗА МЕБЕЛ 2016: Погледнете во светот на светските трендови
Објавено во: Економија 19 Март, 2016 08:27
Доколку сакате да бидете во тренд – бидете свои! Најновите трендови како за приоритет ја поставуваат можноста за креирање по своја мерка и тоа е она што е највредно од сè.
Модерните трендовски гарнитури за седење, прилагодени за секој ден, но и на различните потреби на поединците можете да ги погледнете на Скопски Саем секој ден од 10:00 до 20:00 часот. Култните гарнитури, двоседи, троседи и фотелји се прилагодени на ергономските барања, а кај секој изложувач можете да ги одберете во фиксна изведба или пак со механизам на извлекување за да добиете кревет. Оваа година трендот оди кон тоа гарнитурите да се неверојатно удобни, а групата за седење во дневна соба да се состои од тросед од еден тип, фотелја од друг тип и табуретка од трет – тоа е вистински хит за 2016-та и 2017-та. Тие можат да бидат тапацирани со кожа или во модерни ткаенини во трендовски бои.
Внесувањето на природата низ декоративните елементи е „must have“кај најновите глобални трендови. За декорации на просторот се препорачуваат и облоги од природен материјал и од оние кои вредно имитираат со цел нивно поставување во одредена зона во просторот или пак на дел од ѕидот. На пр. камените ѕидни облоги можете да ги поставите во дневната соба или трпезаријата, а изборот на видот, обликот и бојата на каменот т.е. декоративниот камен е според вашата желба и идеја, било таа да е модерна или пак рустикална. Исто така природата во домот можете да ја нагласите преку дрвото во ентериерот, како со столиците и масите кои пак можете да ги комбинирате и со стаклен елемент, особено трпезариската маса.
Ѕидовите не смеат да бидат еднобојни, а различните видови на тапети имаат големо значење. Особено популарни се 3Д ѕидните тапети кои создаваат нова димензија на просторот. Покрај цветните, популарни се и карираните модели, како и линиите. Трендовиски бои се белата, сивата – во сите нијанси, сината, портокаловата и зелената. Секако тука е и жолтата која му дава топлина на домот.
Модерната кујна е спој на врвната технологија и дизајнот во кој секој ужива да готви, но и да престојува. Иако кујната треба да се прилагодува на специфичните барања на просторот во кој се поставува, трендовските барања во смисла на боја и материјал можат да се исполнат без проблем. Трендовските кујни се со минималистичен дизајн во комбинација со структири на дрво, било тоа да е во сјај или мат варијанта.
Доаѓањето на пролетта е вистински предизвик за уредување на терасите и дворовите. Тука се истакнуваат гарнитурите за опуштање и уживање, било тие да се од ковано железо, дрво, метал, пластика или пак ткаенина. Перниците можат да бидат бели, но сепак бојата одберете ја во склад со елементите кои што се наоѓаат во околината, како на пр. тендата, чадорот, бојата на фасадата и слично.
Богатата понуда на мебел, опрема за домаќинства и јавни објекти, репроматеријали и машини за индустрија на мебел можете да ја најдете на 42-от меѓународен саем за мебел кој ќе трае од 22-ри до 27-ми на Скопски Саем.
Можеби ќе ве интересира
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?




