19 Декември, 2025
0.0387

САЕМ ЗА МЕБЕЛ: Moжност за купување со поволностите на Стопанска банка АД Скопје

Објавено во: Економија 22 Март, 2016 18:12

Добивај вести на Viber

На овогодинешниот меѓународен саем за мебел во Скопје, со свој штанд е присутна и Стопанска банка АД Скопје.

Меѓународниот саем на мебел секоја година привлекува над 50.000 посетители и учество од над 400 домашни и странски изложувачи. Штандот на Стопанска банка се наоѓа на самиот влез од првата хала и претставува можност за сите оние кои сакаат да купат мебел, тоа да го направат со помош на кредитните производи на Стопанска банка АД – Скопје.

Посетителите можат да купуваат на овој Саем за мебел на рати со 0% камата со кредитните картички на СБ. Дополнително, сите посетители кои сакаат нов мебел можат да аплицираат за потрошувачкиот кредит на Банката, без административни трошоци и да поднесат барање на штандот на СБ или кај трговците партнери кои се опремени со ПОС терминали и формулари за аплицирање, што ќе го олеснат купувањето. На истото место постои можност и за аплицирање за бесконтактните картички, кои нудат нови бенефиции и многу компаративни предности, меѓу кои и фактот дека во повеќето случаи за трансакции до 750 денари не мора да се внесува ПИН  кодот.

„Поради големиот интерес на нашите клиенти и потрошувачи на кредити за финансирање на нов мебел, земајки ја в предвид нашата голема мрежа на трговски партнери и оваа година, како и претходните се одлучивме за присуство на саемот за мебел за да им овозможиме на нашите клиенти најдобра можна понуда за финансирање на нивните желби“, изјави Стефан Пепоски, Директор на Дирекција за управување со картични производи на Стопанска банка.

Стопанска банка нуди и корисни совети и бесплатни консултантски услуги од претставниците на Банката, кои на лице место ќе направат пресметка за кредитот, ратата и минималната месечна отплата, можностите и придобивките, потребните документи, начинот на отплата и сите други кредитни критериуми за оние кои сакаат да уживаат во нов мебел.

Меѓународниот саем на мебел, опрема за домаќинства и јавни објекти трае до 27 март.

 

Можеби ќе ве интересира

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?