Сага со евтините летови: Што ќе се смени во огласот за субвенции на авиокомпании и дали Виз ер ќе се пријави?
Објавено во: Економија 13 Август, 2018
Министерството за транспорт и врски ќе објави наскоро нов јавен повик за поддршка на нискобуџетки авиокомпании, откако пред осум дена ја прекина претходната постапка поради технички пропуст во апликацијата на единствениот кандидат, унгарската авиокомпанија „Виз ер“. До моментот кога на владина седница ќе помине одлуката да се објави нов оглас, но и подоцна дури трае постапката „Виз ер“ од двата македонски аеродроми лета без субвенции веќе неколку месеци. Имено претходниот договор за субвенции истече во јуни годинава. Во јавноста веќе се шират информации дека пролонгирањето на процедурата не и оди во прилог на компанијата, но од Министерството за транспорт се дицидни дека тие си ги исполниле своите обврски досега, па одлуката дали „Виз ер“ ќе продолжи да лета или не, ја оставаат на самата компанија. Во текот на денот веќе стана јасно дека Виз ер суспендира две линии од македонските аеродроми, од Скопје до Барселона и од Охрид до Лондон.
Инаку, она што е новина е што во новиот оглас ќе се променат некои од роковите кои беа дадени во јунскиот јавен оглас, односно поради одолговлекувањето на изборот, воведувањето на новите линии ќе биде со нов рок.
Имено, Министерството повторно ќе бара авиокомпании на кои ќе им биде понудена финансиска поддршка за период од три години, односно дел за годинава и остатокот до 2021 година. Сепак ако рокот за воведување две нови линии од аердоромот во Скопје на првичниот оглас беше до 1 ноември сега ќе се пролонгира најверојатно за два месеци. Другиот услов беше оперторот да започне со оперирање на четири нови дестинации од аеродромот „Св. Апостоил и Павле“ од Охрид, првите две до крај на 2018 година, а останатите во рок од една година. Ќе биде изменет и овој рок, особено тој што се однесува на првите две линии.
Од Министерството за транспорт и врски велат дека очекуваат на првата владина седница да помине точката за финансиската поддршка на авиокомпании по што ќе може да се објави и огласот. Тврдат дека тие ги исполниле сите обврски кон „Виз ер“, до јуни до кога траеше претходниот договор за субвенционирање. Велат дека е деловна политика на фирмата дали ќе продолжи да лета или не.
Фактор испрати официјални прашања до „Виз ер“ во петокот за тоа кој е нивниот став во однос на поништувањето на постапката во претходниот оглас. Прашавме и дали планираат да се пријават на следниот и дали сметаат дека не им е исплатливо што овие месеци летаат без субвенции, но и кои се нивните планови. Кога ќе добиеме одговори ќе ги објавиме.
Инаку пред да го објави претходниот оглас, Владата донесе програма според која од буџетот на Министерството за транспорт и врски се предвидуваат вкупно пет милиони евра за субвенции за авиокомпании. За оваа година обезбедени се 808 илјади евра. За следната 2019 година планирани се 1,7 милиони евра, исто толку и во следната 2020 година. Во 2021 требало да бидат одделени 881 илјади евра. Се дава и еднократна финансиска поддршка од 40.000 евра за секоја нова дестинација воведена од „Меѓународен аеродром Скопје“ и аеродром „Св. Апостол Павле“ во Охрид.
Се даваат пари и за секој патник кој заминал.
На огласот објавен на крај на јуни се јави само Виз ер“. Пред осум дена Министерството за транспорт соопшти дека постапката е поништена затоа што на јавното отварање, Комисијата констатирала дека доставеното барање не е согласно правилата односно на трите запечатени пликоа не бил наведен полниот назив и адреса на авиопревозникот.
А.Т.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.