САГАТА СО КУЧКАТА ЦЕЦА НЕМА КРАЈ, СЕ ОГЛАСИЈА ПОЛИЦАЈЦИТЕ ОД ШТИПСКИОТ ЗАТВОР, А ПРЕНЕСЕ УПОЗ: Не сме помагале на осуденик, цинизмот на Пандов е неоправдан

Објавено во: Македонија 11 Април, 2025 10:00
Синдикатот на УПОЗ и Синдикалната организација при Казнено поправна установа Затвор Штип се огласија со реакција по пресконференцијата на Директорот на Управата за извршување санкции, кој рече дека група затворски полицајци му помагале на затвореник да бара дрога, а лажеле дека го бараат неговиот скап часовник кој, наводно, го однела затворската кучка Цеца.
„Група вработени лица, членови на Синдикатот на УПОЗ побараа од Синдикатот како наши членови, а нивни преставници во однос на заштита на работничките права да излеземе со овој демант во однос на пресс конференцијата за медиумите на директорот на дирекцијата за извршување на санкции Александар Пандов и директорот на КПД – Штип Дејанчо Здравков на ден 09.04.2025 година.Имено, на споменатата Пресс конференција директорот пркажа слика која не кореспондира со реалноста и превземените службени дејствија на овластените службени лица.
Како вработени во установата во целост ја негираме ваквата лошо составена приказна која се пласираше на ироничен начин и со цинизам во јавноста, одговорно тврдиме дека вистината е сосема поразлична и постапувањето во однос на пронаоѓањето на сомнителни предмети фрлени од страна на лицата кои дојдоа до затворот во овој настан преку безбедносниот ѕид беше во правец на тоа да го пронајдеме она што е фрлено и доколку има било што недозволено да го одземеме и да пријавиме во СВР – Штип.
Во текот на ноќните часови потрагата заврши без успех, но во текот на утринските часови со самото разденување повторно е направен обид да се пронајдат предметите при што успешно е пронајдено најлонска кеса, во која кеса е пронајдена и сомнителната прашкаста и тревкаста материја“, напишале полицајците од штипскиот затвор до Синдикатот на УПОЗ..
По нејзиното пронаоѓање, како што натаму додаваат во својот допис, биле преземени сите оперативно протоколарни дејствија, известен бил директорот на установата, пријавен бил настанот во полиција, инспектори од СВР – Штип и крим полиција пристигнале во затворот и пронајдената кеса била предадена за понатамошно постапување.
„Целото постапување и превземените конкретни чекори се содржани во самиот дневен извештај на затворската полиција, а со сигурност го има и во полицискиот билтен од СВР Штип. Во ниту еден момент нема простор за сомнеж дека некој од затворските полицајци постапувал спротивно на своите работни задачи и соработувалсо осуденото лице во негова полза како што беше споменато на пресконференцијата од страна на директорите“, се вели во реакцијата испратена од УПОЗ.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се наврши еден месец од пожарот во Кочани, за шест уапсени полицајци се одредени мерки за претпазливост

МУРТЕЗАНИ: Ако Таравари јавно кокетира со Ахмети, го доведува во прашање целото функционирање на Владата

НЕ ЗНАЕЛЕ ДЕКА НИВНИТЕ ДОКУМЕНТИ СЕ ФАЛСИФИКАТ: Maкедонци нелегално работеле како таксисти во Загреб

ГЛАСАЈ СО СРЦЕ, ИЗБЕРИ СО РАЗУМ: Стерјовски објави дека во Албанија има и упатство за гласање на македонски јазик

ГО КРШЕЛЕ КАТАНЕЦОТ И КРАДЕЛЕ ВО ОБЈЕКТ НА МЖ ИНФРАСТРУКТУРА: „Пленот“ вреди 1.239.000 денари

„ВРИЕ“ ПОЛИЦИЈА КАЈ ГРАДСКИ ПАРК: Ќе играат Вардар и Црвена Ѕвезда

ОДЗЕМАЊЕ НА ПАСОШ, ЗАБРАНА ЗА НАПУШТАЊЕ НА ЖИВЕАЛИШТЕ: Мерки за шест уапсени полицајци за пожарот во Кочани

СОСЕЛАНИТЕ СО ЧАСОВИ ГО БАРАА: Најдено е момчето од Тремник кое беше пријавено за исчезнато

ОБВИНИТЕЛСТВО ЈА ПОЧНУВА ИСТРАЖНАТА ПОСТАПКА ПРОТИВ АРИФИ - сакал 100 илјади евра за да смести старо лице на Геријатрија
