05 Декември, 2025
0.0285

САЈБЕР ИЗБОРНА “ВОЈНА“: Што пишуваат јавните „фаци“ на социјалните мрежи?

Објавено во: Анализа 20 Март, 2014 08:55

Добивај вести на Viber

Огласни табли за партиски активности, соопштенија, интервјуа, фотографии. “ФБ - Фан страните“ и приватните профили на јавните личности од политиката се обоија изборно. Иако се брои ситно до официјалниот почеток на изборната кампања, таа на социјалните мрежи веќе од поодамна е во полн ек. Најмногу лајкувани се страните на лидерите на двете најголеми партии во земјава, на ВМРО – ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев. Меѓу официјалните најави и вести за пуштени патишта, службени средби, промоции, најави за нови инвестиции, премиерот не пропушта на своите фанови да им ги честита и верските празници. Коментарот “Христос се роди“ за Божиќ е еден од оние кои добиле намногу лајкови на неговата страна – повеќе од 6000.  Многу лајкуван беше и верскиот поздрав “Бог се јави“ – со повеќе од 3 300 лајкови и над 340 коментари. Изборно е обоена и ФБ-страната на лидерот на опозицијата Зоран Заев на која секојдневно се пласираат информации за партиските активности. Засилено, сега вопредизборие, информациите се пакет со фотографии од самите настани. “Ако сме сме единствени и добро организирани, нивните валкани сценарија нема да успеат. Зад параванот секој од нас е сам“ – еден од ФБ коментарите на официјалната страна на Заев кој доби близу  илјада лајкови. И тој не пропушта да им ги честита верските празници на своите фанови, граѓаните. Пред околу една недела кандидатот за претседател Стево Пендаровски токму преку социјалната мрежа “Фејсбук“ директно одговараше на прашања на граѓаните. Токму лајковите на оваа социјална мрежа ја мотивираа и професорката Билјана Ванковска да ја почне операцијата за собирање на потребните 10 илјади потписи за претседателска кандидатура. Неуспехот резултираше со бурни рекации на ФБ страната на професорката. Еве како дел од јавните личности го користат Фејсбук и што најчесто пишуваат. Зоран Ставрески : го сака Достоевски, навива за Даниел, а информира за буџетските трошења “Оној кој никогаш не го менува своето мислење се сака себеси повеќе отколку вистината“ – напишал Фјодор Михајлович Достоевски, омилениот автор на вицепремерот и министер за финансии Зоран Ставревски. Судејќи според она што го напишал на својата официјална ФБ страна, министерот напиша: “Прочитајте ги неговите мисли и ставови на крајот на овој текст. Вредат да се запамтат и применуваат за цел живот’ Преку својата ФБ страна тоја му стави “Лајк“ на кошаркарот Перо Антиќ кој изрази поддршка за претседателот Иванов. Субвенции, инвестиции, стипендии, пензии – министерот редовно информира за буџетските исплати. Вицепремерот ги почитува и верските празници, па така на Прочка напиша: “Денес е Прочка. Да си простиме меѓусебно за се што сме си згрешиле со мисла, збор или дело. Простете и нека ви е простено, Господ нека ни прости на сите! На официјалната ФБ страна ретко, но сепак во исклучителни ситуации вицепремерот, освен за владините и партиските интереси споделува и информации и ставови од својот приватен живот. На 5 ти март напиша: “Вечерва со ќерка ми и илјадници македонски граѓани навивавме за Даниел да помине во суперфиналето на X Фактор. Иако ни е криво за Илма, сепак се радуваме за нашиот Даниел!“ Кире Наумов: За лустрацијата, поздрав со песната “Доџе ми да вриснем твој име“! Претседателот на Советот за економски прашања на СДСМ стана активен на социјалните мрежи особено по активирање на неговиот партиски ангажман. Често во ставовите, пласирани на неговата ФБ страна таргет му се министерот за финансии Зоран Ставрески, медиумите и партиските активности на СДСМ. “Сите држави го претставуваат својот јавен долг според меѓународната методологија, а само ВМРО –ДПМНЕ измислува своја категорија државен долг. Македонија е задолжена над 44% од Бруто домашниот производ и се останато е манипулација на Груевски и ВМРО – ДПМНЕ“ – напиша Наумов. Лустрацијата ја поздрави со песната “Доџе ми да вриснем твоје име“ на Оливер Манадиќ. “Еден ден во оваа држава ќе се спроведе вистинска лустрација. Тоа пред сè значи кривични расчистување со соработници со странски служби не заради убедување туку пред сè за пусти пари. Додека да дојде тој ден, од мене оваа песна ’Доџе ми да вриснем твоје име’“. Препорачува кратко четиво на тема “Хитлер и Овенс“ со ФБ статус на кој напиша “Злоупотреба на спортот и спортистите во политиката. Кратка историска читанка. Посветете неколку минути“ – порача Наумов. Илија Димовски: Спомениците – исправање на историска неправда! На својот ФБ профил директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, освен информации за партиските и професионалните обврски, често ги соопштува и своите лични ставови. “Сорос прогнозирал дека ЕУ може да се распадне... Што ќе прават локалниве НВО-типчиња кои до сега наплаќаа дебели пари за проекти за вредностите на ЕУ? Ќе се префрлат ли на теми за комунална чистота и противпожарна заштита?“ - пишува на ФБ профилот на Димовски. По февруарската посета на Скопје на известувачот за Македонија во Европскиот парламент Ричар Ховит, Димовски на Фејсбук напиша: “Подобро би било Ховит да се занимава со ултранационализмот внатре во ЕУ! Не може да каже дека не го знае фактот дека во ЕУ има држави кои сèуште не признаваат национални малцинства и не дозволуваат говор, употреба и изучување на мајчин јазик.“ - Коментарот доби 309 лајка. Поставувањето на споменикот на Сарафов, според Димовски е исправење на голема неправда, па така тој напиша: “Ова е исправање на голема неправда...Горд сум што бев еден од првите и ретки луѓе што отворено зборуваа за големината на Сарафов“. На ФБ профилот доминираат фотографии од неговиот роден град Велес, од Охрид и Скопје. Често пратеникот знае да објави и своја фотографија од приватниот живот – особено кога станува збор за планинарењето. Јани Макрадули: Нема заборав на  24 ти декември! Пратеникот во досегашниот парламентарен состостав на Собранието, од редовите на СДСМ не пропушта да ги искоментира актуелните случувања, често низ призмата и на црн хумор. “Финансова полиција нема интернет, студентски центар нема телевизор, обвинителство нема хартија, инаку друго сè е по тамам... “ - напиша на ФБ профилот и доби повеќе од 170 лајкови за овој статус. Две години по 24 декември – денот на инцидентот во Собранието, Макрадули напиша: “Пред 30 години на 24 декември почина мојот татко. Мислев на овој ден ќе немам други мисли. За жал диктаторскиот режим уништи многу емоции кај луѓето, па мене ми го промени овој ден мислите да ги делам и со денот и настаните кога почина демократијата во Македонија. Ме учеше секогаш кога ќе легнувам да се прашувам дали сум направил сè што требало и да имам чиста совест. Совеста ми е чиста, направив сè, ама очигледно недоволно. Диктатурата уште владее, а сè помалку нè има на спротивната страна. Дали се предавам? Ви личам на таков? До крај во борбата за слободата и вистината... “ Како кандидат за градски татко на локалните избори во 2013 та година, во коментарите на Макрадули често е метрополата и актуелниот градоначалник Трајановски. “Паркот во Блед е направен 1890. Се промениле многу градоначалници, ама уште никој не исекол ниту едно дрво... “ - напиша Макрадули. На “Фејсбук“ – дневна доза од три часа! Социјалните мрежи станаа моќно оружје за креирање на јавното мислење, мегдан за пласирање на информации па дури и за соочувања кои не можат да се видат во класичните медиуми – телевизијата и радијата. Неодамнешните истражувања покажуваат дека 44% од македонските корисници поминуваат најмалку по три часа дневно на Фејсбук. Истражувањето покажа дека дури 60% од корисниците сметаат дека премногу време се пред својот компјутер. Сепак, јавните личности сметаат дека социјалните мрежи станаа дел од секојдневието. „Самото ставање лајк на статуси каде се бара помош, соработка или било каков граѓански активизам надвор од Фејсбук не гарантира директно учество во тоа, а сепак кај лајкувачот прави моментално чувство и мисла дека тој веќе на некој начин помага или помогнал, што е сосема погрешно. Но мора да напоменам дека во неколку наврати како #Елкамк, #протестирам и #Најден овие социјални мрежи, па се погодиле да бидат од големо значење.“ – изјави неодамна за Фактор, Влатко Васиљ кој е препознатлив по своите кратки ФБ статуси што содржат силна порака. Убеден е дека интеренет – медиумите веќе се закана за традиционалните медиуми. „Иако активноста на ФБ е голема, а Твитер зема замав, мислам дека кај нас сè уште се создава пасивност во спроведување на активностите надвор од таму. Во врска со пласирањето на информациите на социјалните мрежи кои се одвиваат и спроведуваат брзо и во поголема количина, овие нови медиуми може не сега, но во блиска иднина се сериозна закана за традиционалните медиуми. А добро знаеме дека каде масата на луѓе е најголема, таму и манипулацијата, дефокусот и спинувањето со сигурност се застапени“ – вели Васиљ. За време на изборниот молк на Локалните избори лани, токму социјалните мрежи беа носечкиот “медиум“ на кој се водеше кампања до последен момент. Она што сега го практикува македонска политичка елита, веќе оддамна е дел од официјалните кампањи на европските и американските политичари. Д.А.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени