20 Декември, 2025
0.0388

„Сакам да работам“ за евентуалниот локален референдум во Тетово: Зошто ги премолчувате причините заради кои Албанија се откажа од забраната на игрите на среќа?

Објавено во: Мои пари 20 Април, 2023 13:48

Добивај вести на Viber

Во врска со повторното афирмирање на иницијативата за локален референдум во Тетово на кои жителите на општината наводно ќе треба да се изјаснат за дислокација на игрите на среќа од урбаните средини, Здружението на вработени во сектор игри на среќа „Сакам да работам“, го истакнува следното:

Жалиме што еден целосно легален економски сектор што вработува 10 илјади луѓе, индиректно помага 54 до 100 илјади работни места во државата, годишно приходува во Буџетот 280 милиони евра, некој упорно го прави таргет на дневно политички манипулации. Особено што дежурните критичари на игри на среќа се служат со гол популизам и прикриваат факти бидејќи не им одат во прилог. Имено, инијаторите на локалниот референдум треба на јавноста да и соопштат дека Албанската Влада се откажа од забраната на игрите на среќа, бидејќи нивниот Премиер Еди Рама соопшти дека за време на забраната како печурки никнале нелегални играчници. Притоа, корисно е да ја направат достапна информацијата колку жители на Косово секојдневно играат игри на среќа во Општина Тетово.

Паралелно ја користиме приликата да потсетиме дека наводното движење „Антикоцкање“ се’ уште не одговори на следните прашања: Дали и колку финансиски средства примиле во готово? По чиј налог се обидуваат да манипулираат со родителите на учениците? Колку чини и кој ги покрива трошоците за дизајнот и изработката напропагандните материјали против игрите на среќа? Чии бизнис интереси се кријат зад нивните активности? Дали одработуваат да се затвори легален бизнис за некој да печали од интернет игри на среќа и играчници на црно, без контрола од државата? Дали така учениците ќе бидат во поголем или помал ризик? Кој ќе понесе одговорност за штетата што ќе следи? Зошто сакаат да остават десетици илјади свои сограѓани без егзистенција?

Се додека не и одговорат на јавноста за нас наместо движење „Антикоцкање“ ќе бидете група „ЗА коцкање на црно“!

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии