24 Ноември, 2024
0.0263

Сакаме во Европа, ама со балкански менталитет

Објавено во: Македонија 20 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

Бројни истражувања изминативе години покажаа дека македонските граѓани сакаат земјава да биде дел од Европската Унија, но се сложуваат дека менталитетот не ни е европски, и дека треба да се искоренат лошите навики, фрлањето отпадоци на јавни површини, сообраќајната некултура, а општествената одговорност, дисциплинираноста, почитувањето на законите  да бидат на едно повисоко ниво.

Граѓаните велат дека ќе треба многу време за промена на менталитетот, а со цел подобро на заедницата.

„Јас сум во Европа, во Германија и ние сме многу далеку. Прво нема чистота, треба да се подобри, а другото само по себе ќе си дојде. Кога ќе дојдам овде прво ми паѓа во очи дека е многу валкано. Нивото на свест е многу ниско“, вели Берхат Ибраими, граѓанин.

За политичарите, дел од граѓаните велат дека имаат европски менталитет, а другите пак не се согласуваат со тоа.

„Треба од корен да се менуваме. На сите страни имаме отпадоци, и тоа пречи. Чистота и зеленило ни треба. Треба да имаме свест и тоа над просекот. Ние за жал не одиме напред, одиме назад. Политичарите имаат европски менталитет, и ние го имаме, само волјата за работа е изгубена. Ние само ги гледаме европските земи, со памет сме таму, а живееме овде. Ние само тапкаме во место, за жал. Еве јас имам 60 години и не видов нешто да тргне напред во земјава“, вели друг граѓанин.

Во поглед на партиските вработувања, граѓаните се против и ги осудуваат, но додаваат дека ако имаат шанса тие или нивните деца да се вработат партиски, би го сториле тоа затоа што системот така функционира, а работата во јавниот сектор е сигурна опција и можност да си обезбедат егзистенција.

„Со оглед на ситуацијата, ако си принуден мораш да се прилагодиш, а најреално е секој да се вработи според образованието кое го има завршено. Менталитетот мора да се менува. Многу заостануваме, и тоа е очигледно. Наутро кога одам на работа, насекаде има отпадоци. Секој си тера по свое“, објаснува Срѓана Стефановска, граѓанка.

Психологот Милка Ололоска вели дека ние немаме некој добар општествен модел на кој ќе се угледаме. Кај нас акцент се става на материјалното, а човечките вредности се ставени во позадина.

„Да се смени менталитетот не е едноставен процес, и тој се пренесува со генерации. Во секоја држава е различен и менталитетот на народот. Ние сме народ кој сака да успее, но без некој поголем ангажман или труд, а кон многу работи се пристапува со предрасуди и стереотипи. Се размислува само за личен интерес, се следат некои себични цели, без некоја поголема колективна свест да се направи нешто за општо добро. На Запад постои традиција, воспитувањето е поинакво“, рече Ололоска.

Социологот Марија Дракулевска Чукалевска објаснува дека менталитетот се формира низ долг процес,  а семејството е нишката која ги пренесува вредностите.

„Менталитетот не се создава од денес за утре, туку тој се формира со години и ние имаме мешавина од вредносни системи. Го имаме глобалниот вредносен систем, но и вредносен систем од минатото кој доминира кај повозрасните и се пренесува со генерации. Сепак, многу фактори се вклучени, темата е широка, и менталитетот се менува и под влијание на општествените текови кои го менуваат начинот на живот. За да го имаме европскиот вредносен систем ќе ни требаат генерации и генерации“, вели Дракулевска Чукалевска.

На политички план, Македонија долги години е во чекалната на ЕУ и не се знае дали наскоро ќе ги почне преговорите. Почетокот на процесот зависи од тоа дали Бугарија ќе го тргне ветото.

Сања Атанасовска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип