28 Септември, 2024
0.0242

Сакате имот во странство? Еве ги цените во Европа!

Објавено во: Анализа 20 Јуни, 2014

Добивај вести на Viber

Данска, Германија и Португалија се најдостапни европски пазари на имот за локалните купувачи, покажува најновиот индекс на имот на консултантската компанија Deloitte. Данците можат да купат во просек живеалиште (со површина околу 70 квадратни метри) со 2,1 годишни просечни плати. Во Германија и Португалија се потребни околу 3 годишни средни плати за стекнување на среден имот. Побарувачката и цените на куќите во Португалија забележаа слаб раст во 2013 година во услови на закрепнување на економијата. Новите проекти сепак се уште се реткост. Остриот пад на цените поради кризата е главна "алатка" на пазарот на домови во Португалија во поддршка на купувачите. Банките исто така поседуваат доста станбен имот, кои ќе мора да го извадат на пазарот, а тоа најверојатно ќе продолжи да ги оддржува цените на пониски нивоа, се наведува во извештајот. Германскиот станбен пазар останува стабилен и минатата година, земјата ги регистрирала едни од најсилните растови на цените. Истовремено иако е најприфатливиот за внатрешни купувачи, данскиот станбен пазар е и исклучително кревок, предупредуваат експертите. Во најголемите градови цените продолжуваат да се креваат, додека во помалите и во руралните средини се во стагнација, па дури веќе пропаѓаат надолу. Израел е најнедостапен пазар за купувачите на домови, пишува во извештајот. За купување на средно живеалиште во земјата се потребни околу 12,1 годишни просечни плати. Од 2007 година цените на куќите во земјата имаат скок за околу 80%, сметаат експертите. Истовремено резервите на домови во Израел во 2013 година бил најнизок во споредба со 16-те истражени европски пазар. Русија исто така е меѓу повеќето недостапни пазарите на недвижен имот - за средно живеалиште таму биле потребни 10,4 годишни плати во 2013 година. Во Велика Британија се потребни 8,5 плати, а Лондон, пак, е определен како најскапиот град за купување на дом во Европа. К.К.