22 Ноември, 2024
0.0279

САКАТЕ РАБОТА?: Прво барајте кај услужните дејности, рестораните и дуќаните - директорските места се одамна пополнети

Објавено во: Економија 02 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Сакате ли да се вработите? Во тоа сигурно ќе ви помогне најновото соопштение на Државниот завод за статистика, за бројот и процентот на слободни работни места во земјава.

Ако ја погледнеме табелата на Статистика, ќе видиме дека во третиот квартал од годинава во земјава вкупно биле слободни 8.595 работни места. Додека, пак, пополнети биле над 500 илјади, или точно 500.145 работни места. Тоа значи дека стапката на слободни работни места изнесува 1,69  отсто.

Ако се гледа според апсолутната бројка, за тоа каде најмногу се бараат работници според занимањата, се гледа дека најмногу работници, дури 2.550, недостигаат во услужните дејности и продажбата.

Потоа следуваат техничари и сродни занимања, каде има 1.448 слободни работни места, додека, пак, 1.167 слободни места има за занимањата ракувачи и составувачи на постројки.

Недостигаат и 1.144 службеници, како и 829 стручњаци и научници. Потоа, 776 слободни места има кај занимањата за неиндустриски начин на работа во производството, а недостигаат и 643 работници кај елементарните занимања. Фалат и 43 стручни работници во земјоделството, шумарството, рибарството и ловот.

И ако за речиси сите други занимања има слободни места, тие се најмногу пополнети кај директорските и државните функции. Па така, само 15 слободни работни места има кај занимањата - членови на законодавни и извршни тела, државни функционери, раководни државни службеници, дипломати и директори.

Кога станува збор, пак, за пооделните дејности, и тоа каде има најмногу слободни работни места, тоа е преработувачката индустрија, каде недостигаат 1.732 работници. Во таа гранка, пак, пополнети се 115.467 работни места, така што таму стапката на слободни места е 1,48 отсто, само нешто пониска од просечната.

Како што наведуваат од Државниот завод за статистика, слободно работно место може да биде новоформирано платено работно место, незафатено или веќе постоечко работно место кое набрзо ќе се ослободи и за кое работодавачот презема активни чекори за изнаоѓање соодветен кандидат. Во слободни работни места се вклучени: слободните работни места на неопределено и на определено време, слободните работни места со полно и со скратено работно време, како и слободните работни места кои се отвораат поради долгорочни отсуства, на пример, породилно отсуство или долгорочно боледување. Стапката на слободни работни места е однос помеѓу слободните работни места и збирот на слободните и пополнетите работни места, искажан во проценти.

Потоа, наредни по број на слободни места се трговија на големо и трговија на мало, поправката на моторни возила и мотоцикли, каде има 1.554 слободни работни места, наспроти 83.628 пополнети.Тука стапката на слободни места е 1,82 отсто.

И во градежништвото има место за оној кој сака да најде работа во тој сектор. Односно, таму бројот на слободни работни места е 906, наспроти 28.988 пополнети места. Позначаен број на слободни работни места, односно 730, има во секторот административни и помошни услужни дејности, каде пополнети, пак, се 21.226 места. Во дејноста транспорт и складирање се бараат 648 работници, а следува секторот објекти за сместување и сервисни дејности со храна, со 626 слободни места, а веднаш зад него е дејноста образование, каде недостигаат 626 работници.

Потоа, доаѓа дејноста информации и комуникации, со двојно помалку, односно 346 слободни места, додека, пак, во стручните, научните и техничките дејности се бараат 333 работници. Во дејноста уметност, забава и рекреација има 222 слободни места, 211 се во дејностите здравствена и социјална заштита, а 199 работници се бараат во рударството и вадењето камен.

Кога станува збор за големината на фирмите што бараат работници, најмногу слободни места или 2.469 има во помалите фирми, од 10 до 49 вработени, а сличен број бараат и средните компании, чии брфој на вработени е од 50 до 250 работници, и таму се отворени 2.451 слободни работни места. Следуваат големите фирми со над 250 вработени, каде недостигаат 1.993 работници, а додека во малите дирми од 3 до 9 вработени има слободни 1.743 работни места.

Гледано по региони, повеќе од половината слободни места или 4.820 места се во скопскиот регион, па следува пелагонискиот, со 900 слободни места. Во југоисточниот се 647, а 635 слободни места има во вардарскиот регион.  

Нина Нинеска-Фиданоска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ОВОЈ ЈУГОСЛОВЕНСКИ МОДЕН ГИГАНТ СЕ СРАМНУВА СО ЗЕМЈА: И Јованка Броз им ги носеше чантите, а имаа 1.300 вработени

ОВОЈ ЈУГОСЛОВЕНСКИ МОДЕН ГИГАНТ СЕ СРАМНУВА СО ЗЕМЈА: И Јованка Броз им ги носеше чантите, а имаа 1.300 вработени

БОЖИНОВСКА ГО НАЧЕКАЛА ЕСМ СО МИНУС ОД 80 МИЛИОНИ ЕВРА: Вели дека во МЕПСО бил вработен несоодветен кадар

БОЖИНОВСКА ГО НАЧЕКАЛА ЕСМ СО МИНУС ОД 80 МИЛИОНИ ЕВРА: Вели дека во МЕПСО бил вработен несоодветен кадар

ДЕКАТЛОН ВО ОФАНЗИВА - ИНВЕСТИРА 100 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Ќе има над 150 продавници до 2027

ДЕКАТЛОН ВО ОФАНЗИВА - ИНВЕСТИРА 100 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Ќе има над 150 продавници до 2027

Заменик министерот за финансии: Трпиме голем притисок од олигарсите

Заменик министерот за финансии: Трпиме голем притисок од олигарсите

ФОЛКСВАГЕН ВЛЕГУВА ВО ПРЕГОВОРИ СО РАБОТНИЦИТЕ: Доколку не се исполнат овие услови, ќе има штрајк, прв од 2018 година

ФОЛКСВАГЕН ВЛЕГУВА ВО ПРЕГОВОРИ СО РАБОТНИЦИТЕ: Доколку не се исполнат овие услови, ќе има штрајк, прв од 2018 година

(ВИДЕО) Браќата Кимовски, сопственици на „Сетек“: Добивките секогаш ги реинвестираме во бизнисот, продаваме по 30.000 машини за перење годишно

(ВИДЕО) Браќата Кимовски, сопственици на „Сетек“: Добивките секогаш ги реинвестираме во бизнисот, продаваме по 30.000 машини за перење годишно

Наградно прашање: Каде Доне Таневски ќе вложи 6 милиони евра?

Наградно прашање: Каде Доне Таневски ќе вложи 6 милиони евра?

„Костал“ со нова компанија започнува со посебно производство на најсофистицираниот дел за електричните возила на „Фолксваген“

„Костал“ со нова компанија започнува со посебно производство на најсофистицираниот дел за електричните возила на „Фолксваген“

СЕ ВОВЕДУВААТ НОВИ МЕРКИ НА ГРАНИЦИТЕ: Земјите ги заоструваат контролите

СЕ ВОВЕДУВААТ НОВИ МЕРКИ НА ГРАНИЦИТЕ: Земјите ги заоструваат контролите