САЛИ ОТВОРЕНО ГО ПРАША ПРЕМИЕРОТ: Дали оној кој не одобрил средства за лекот смета дека може да си го продолжи мандатот

Објавено во: Македонија 09 Февруари, 2023 16:57
По смртта на
Благојче Илиевски од Битола, пациентот кој беше во најтешка состојба поради болеста цистична фиброза, денеска не стивнуваат меѓусебните обвинувања.
Попладнево, министерот за здравство, Беким Сали, даде своја изјава, наведувајќи
дека не сака да премолчи кога врз „ваква голема трагедија се прави евтин обид
за политички поени“.
Ја пренесуваме изјавата во целост:
Ја користам приликата да изразам најдлабоко сочувство до блиските на починатиот Благојче Илиевски. Навистина сум потресен што се случи ваква трагедија, и ниту едно објаснување или изјава од политичар нема да го врати тој живот.
Сепак, не можам да премолчам, ни како човек, ни како министер, кога врз грбот на една ваква трагедија се прави евтин обид за политички поени. Затоа, еве ги фактите. (1) Факт е дека Министерството за здравство уште на 27.01 од Владата побара да се обезбедат средства за нова набавка на терапија за пациентите со цистична фиброза. (2) Факт е дека и покрај барањето на МЗ, ниту Владата на РСМ, ниту премиерот Ковачевски лично, до вчера, не одлучија да се обезбедат тие средства. (3) Факт е дека лек во доволни количини нема заради недонесувањето на таа одлука, а не заради МЗ.
Оттаму, не ми е јасен обидот за префрлање на вината кон МЗ, кога ниту обезбедувањето средства, ниту набавката на лекот не се во наша надлежност. Средствата се обезбедуваат од Фондот за здравствено осигурување, а набавката ја спроведува соодветната клиника. Но, дури ни тие не можат да постапат без одлука на Владата или без налог на премиерот.
Затоа, мислам дека е неодговорно да си ја префрламе одговорноста. Кога би сакале да се натпреваруваме со политички изјави, јас исто така би можел да одговорам со прашање: дали некој, кој, и покрај барањето на МЗ, не одобрил средства за лек на пациенти со ваква тешка болест, смета дека може да си го продолжи мандатот. Би можеле да прашуваме и дали можеби премногу време и внимание се потроши на коалициски преговори, додека пациентите чекаа. Сепак, сметам дека ваквите популистички изјави се неумесни во ваква прилика.
Јас знам дека политиката е сурова професија, но ние сепак имаме обврска да го задржиме достоинството и човечноста. Сепак, сите ние сме потенцијални пациенти на јавното здравство, и мора да имаме чувство за маките на нашите сограѓани, без разлика на ограничените ресурси.
Можеби ќе ве интересира
МИЦКОСКИ: Нека светлината на Воскресението биде водилка во нашите заеднички напори за изградба на праведно и хумано општество

ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА Е ВО ЧИКАГО: Нека овој наш најголем христијански празник ни донесе мир

(ГАЛЕРИЈА) ОБЈАВЕНА Е ВЕСТА ЗА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ: Еве каква беше атмосферата синоќа во Соборниот храм во Скопје

ДЕНЕСКА Е ВЕЛИГДЕН, ПОМЛАДИТЕ ОДАТ НА ГОСТИ КАЈ ПОСТАРИТЕ: Кои се другите обичаи?

НА ТРПЕЗАТА ИМА ТАЗЕ ВЕЛИГДЕНСКИ ЈАЈЦА: Што да се направи со ланското јајце кое прво е вапцано?

„Секогаш вткаен во македонската музика“: почина Тоше Поп - Симонов, бројни колеги и пријатели се збогуваат со него

МАЛОЛЕТНИК БЕСНЕЕЛ СО МОТОЦИКЛ НИЗ ОХРИД - удрил неколку лица, завршил во автомобил и избегал

„Живееме за да одиме на гробишта, да си помуабетиме со нашите деца“ - трогателна атмосфера во Кочани
