Самарас им вети на граѓаните:Нема веќе штедење
Објавено во: Балкан 09 Март, 2013 17:44
Грчкиот премиер Андонис Самарас и вети денеска дека во Грција, која е погодена од рецесија, повеќе нема да има мерки за штедење.
„Нема повеќе да има мерки за штедење. Штом ќе биде остварен стопанскиот раст, ќе почнат мерки за олеснување“, порача премиерот.
Самарас меѓутоа напомена дека грчката економија се уште не излегла „од интензивната нега, се уште не излегла од болница“.
Претставниците на тројката кредитори, Европската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, моментално во Атина ги проверуваат чекорите, кои Грција ги презела за да ги исполни обврските во рамки на програмата за помош, која и е одобрена.
Проблематичните ставки, со кои Атина треба да се избори се намалување на бројот на работниците во јавниот сектор, забрзување на приватизацијата и докапитализација на четирите најголеми банки.
Инспекторите на тројката го продолжија престојот во Атина за една недела и го откажаа закажаниот состанок со Самарас. Премиерот меѓутоа истакна дека нема проблеми во преговорите.Согласно условите договорени во рамки на програмата за помош, Грција треба да укине 25 илјади работни места во јавниот сектор оваа година и вкупно 150 илјади до крајот на 2015.
Презадолжената Грција, минува низ шесттата година на рецесија и се потпира на пакетот меѓународна помош за да избегне банкрот. Враќањето на стопанскиот раст, претходно прогнозиран за 2012 година, сега не се очекува пред 2014 година.
ЕУ и ММФ од 2010 година за помош на Грција издвоија 240 милијарди евра. Исплатата на следната транша помош, вредна 2,8 милијарди е предвидена за крајот на овој месец
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





