05 Декември, 2025
0.1549

Самарас на средба со „тројката“ кредитори

Објавено во: Балкан 12 Март, 2013 09:21

Добивај вести на Viber

Денеска попладне грчкиот премиер Андонис Самарас ќе се сретне со претставниците на меѓународните кредитори на Грција, познати како „тројка“, во обид да постигнат консензус за повеќе структурни реформи, вклучувајќи ја и долго одложуваната рационализација на државната администрација.
Постигнувањето консезус е предуслов за отпуштање на следната рата од заемот за спас на Грција во вредност од 2,8 милијарди евра, пред Самарас и министерот за финансии Јанис Стурнарас да заминат за Брисел каде во четврток почнува самит на ЕУ.
Денешната средба доаѓа откако претставниците на „тројката“ вчера разговараа со грчки владини претставници за теми околу кои не се согласуваат, вклучувајќи ги и плановите за плаќање за компаниите и поединците кои имаат долгови по основ на социјално осигурување и за данокот на имот кој во 2011 година беше воведен како итен, но за кој „тројката“, наводно врши притисок да се продолжи за да се покрие дупката во приходите.
Се очекува на денешната средба да се разговара и за слабата наплата на даноци, само еден ден откако Стурнарас најави дека ќе бидат вработени дополнителни 4.000 даночни инспектори за да се интензивира собирањето данок.
Едно од најважните прашања за кои ќе се дискутира на средбата меѓу Самарас и „тројката“ е државната администрација. „Тројката“, наводно, изразила задоволство од почетните планови за рационализација на министерствата што им ги претставил министерот за административна реформа Андонис Манитакис. Според добро упатени извори, плановите  вклучуваат месечна анализа на напредокот на т.н. шема за мобилност со која до крајот на годината треба да бидат префрлени 25.000 државни службеници. Се очекува „тројката“ да го оцени напредокот на шемата на почетокот од јуни, до кога 12.500 вработени во јавниот сектор треба да бидат интегрирани во проектот.
Проценката на вработените во министерствата треба да биде завршена во наредните денови. Под лупа се повеќе од 1.300 вработени во јавниот сектор, кои го прекршиле кодексот на однесување или добиле работа со фалсификувани документи. Доколку има отпуштања во државнат служба, тие ќе бидат први што ќе си заминат.
Се претпоставува дека отпуштања во државната администрација нема да има до следната година, но се очекува ова да биде разјаснето на денешната средба на Самарас со „тројката“. Планираните спојувања и укинувања на околу 700 државни институции, кои се очекуваат до крајот на април, ќе принудат околу 13.000 државни службеници да станат дел од шемата за мобилност.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии