19 Декември, 2025
0.0463

Самит на Европскиот совет посветен на еврото

Објавено во: Свет 14 Март, 2013 10:18

Добивај вести на Viber

Денеска во Брисел започнува дводневен Самит на Европскиот совет кој првпат годинава ќе биде посветен на заедничката валута на 17. од 27-те земји-членки на Европската унија што го користат еврото.

Претседателот на ЕС, Херман ван Ромпуј, во своето писмо-покана до лидерите на земјите што се дел од Унијата, порача во пресрет на размената на ставовите за Европскиот семестар, дека сега е крајно време за одржување на првиот евро-самит во 2013 година.

- Нашиот официјален состанок ќе започне по вечерата, односно околу 22:00 часот, а со цел да превземеме акција околу економската ситуација во Еврозоната, а врз основа на презентацијата на претседателот на Европската централна банка, Марио Драги, порача Ван Ромпуј во поканата за денешниот Самит на Советот.

Овој евро-самит доаѓа во вистински момент по најавата за нова криза во Еврозоната која овојпат се најавува дека ќе биде предизвикана поради економскиот крах на Кипар, па затоа вечерва размена на информации и презентација на состојбата на земјите што го користат еврото во ЕУ, на Самитот ќе изврши и новиот претседател на Еврогрупата, Џероен Дијселблом.

А, како што е пракса пред секој Самит на Европскиот совет, попладнево во Брисел ќе се одржи Самит и на Европските народни партии, каде придружен член е и македонската владејачка партија.

Можеби ќе ве интересира

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците