27 Април, 2024
0.0279

Самит100: Регионалната соработка ќе се официјализира со меморандум

Објавено во: Економија 16 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

На шестиот по ред Самит100 кој годинава се одржува во Скопје беа покренати актуелните теми за подобро поврзување на регионот кој мора да работи заеднички за да постигне подобри резултати, а за тоа се потребни вложувања во инфраструктурни проекти и зголемување на регионалната соработка. 

Претседателот Ѓорге Иванов рече дека е неопходна политичка и безбедносна поврзаност со членство во ЕУ и НАТО за да се надминат предизвиците со кои се соочуваат економиите и бизнисите во регионот, како што се малите пазари и големиот одлив на стручен кадар. македонија, според него, час поскоро треба да ги започне преговорите за членство со Унијата.

„Неопходна е економска и транспортна поврзаност затоа што, високите транспортни трошоци ги прават нашите производи не конкурентни. ЕУ треба да ја стави Македонија на мапата на големите инфраструктурни проекти. За да бидете поуспешни поврзувајте се, дигитализирајте се и трансформирајте се. За да бидете во чекор со времето приспособувајте се на потребите на новите генерации и дигиталната ера, бидејќи од вашиот успех во голема мера ќе зависи успехот на нашиот регион“, рече Иванов.

Претседателот на Управниот одбор на Самит 100 и генералниот директор на „Алкалоид“ Живко Мукаетов рече дека за полесен пристап до нови пазари на компаниите им е потребно здружување и посочи дека само преку интензивирање на регионалната соработка и градење синергија меѓу фирмите ќе се подигне конкурентноста на економиите, а на фирмите ќе им се обезбеди пристап до нови пазари, додека за странските инвеститори како еден унифициран пазар би биле многу попримамливи.

Како што најави Мукаетов, регионалната соработка на Самит 100 ќе биде официјализирана со потпишување меморандум за меѓусебно разбирање и соработка на самитската платформа со Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан.

Меморандумот ќе се однесува на поттикнување на деловната соработка, унапредување на конкурентноста, на регионалната и на националните економии.

За перспективите на земјите од Балканот и Источна Европа говореше комесарката за транспорт Виолета Булц од ЕК.

„Пред една и пол година ќе бев многу претпазлива, но денеска сметам дека дуваат позитивни ветришта во едрата на ЕУ. Се надевам дека тоа ќе ви даде сила да продолжите со реформите и да ги искористите ветровите со чиста енергија, а не со ѕидишта, рече Булц.

Таа посочи дека неодамна потпишаниот договор за транспортна заедница и за трговија и соработка е резултат на стабилноста и предвидливоста на регионот. Рече и дека од дигитализацијата Западниот Балкан може да има голема корист во областа на транспортот и за 60 отсто да ја намали администрацијата. Таа смета дека сите земји од Западен Балкан веднаш треба да воведат е-патарини,

На Самитот учествуваат над 150 бизнис лидери од Словенија, Хрватска, Македонија, Црна Гора, БиХ, Албанија, Србија и Косово. Во тек на Самитот е најавено почнување на реализација на регионалниот проектот „Едисон“ за електрификација на автопатиштата во регионот.


Можеби ќе ве интересира

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот