Само 6,3 проценти од семејствата можат да ги задоволат сите потреби
Објавено во: Економија 21 Јуни, 2016 18:56
Само 6,3 проценти од семејствата можат во целост да ги подмират и покријат месечните потреби, покажуваaт податоците на Државниот заводот за статистика.
На прашањето „Какво е вашето мислење за тековната финансиска година во споредба со состојбата пред една година“, само 6,3 проценти од испитаниците одговориле дека таа е подобрена на некој начин, а скоро 42 проценти кажале дека состојбата малку или многу се влошила.
Статистиката говори дека скоро 30 проценти од домаќинствата месечно располагаат со околу 100 евра, и главно овие семејства се потпираат на приходи од пензија, социјални трансфери и пари од странство.
Повеќе од 56.000 семејства годишно располагаат со 1 280 евра или со само 106 евра месечно. Оваа група граѓани е и најсиромашна во општеството.
Разликата меѓу оние што најмалку имаат и оние што имаат најмногу изнесува и до 12 пати.
Можеби ќе ве интересира
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд




