САМО БАЛКАНЦИ МОЖАТ ДА ВРАБОТУВААТ НА ЦРНО ВО ГЕРМАНИЈА: И паднаа во раце на полицијата
Објавено во: Балкан, Свет 24 Февруари, 2024
Во Германија е приведена група Балканци кои вработувале луѓе „на црно“. Приведени се десет лица, меѓу кои и државјани на Србија, Хрватска, Црна Гора и БиХ, јавуваат локалните медиуми. Според медиумските извештаи, осомничените носеле и вработувале луѓе „на црно“, најмногу на германски градилишта.
Портпаролот на царината соопшти дека се уапсени тројца српски државјани, тројца Хрвати, еден државјанин на БиХ, еден Германец и еден Црногорец.
Во претресените објекти, освен телефони и компјутери, пронајдено е оружје и околу 75.000 евра.
Групата се сомничи дека со организирање работење „на црно“ проневерила околу 10,4 милиони евра.
Германската царина пристапила и до одредени банкарски сметки и запленила три скапи автомобили. Оваа акција продолжува, затоа што постои сомнеж дека се вмешани 34 лица.
САМО БАЛКАНЦИ МОЖАТ ДА ВРАБОТУВААТ НА ЦРНО ВО ГЕРМАНИЈА: И паднаа во раце на полицијата
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.