19 Декември, 2025
0.0499

САМО ЕДЕН ЧЛЕН НА СЕМЕЈСТВОТО ЌЕ МОЖЕ ДА ПАЗАРИ ЗА ДОМА, и пензиите по азбучен ред

Објавено во: Економија 18 Април, 2020 22:55

Добивај вести на Viber

Владата на вечерашнва седница го задолжила Министерството за информатичко општество и администрација да подготви и за наредната седница на Владата да достави протокол и анализа со која ќе се регулира систем на набавка на прехранбени продукти и лекови, од страна на само еден член од семејство/домаќинство.
Владата го задолжи Министерството за здравство да подготви и за наредната седница на Владата да достави предлог – уредба со законска сила која правно ќе се нормира прашањето во однос на воведување на задолжителна самоизолација за сите граѓани кои вршат тестирања за КОВИД-19, најмалку до моментот на добивање на резултатот, согласно епидемиолошката анкета.

Во врска со овие заклучоци, одлуки, препораки и мерки, Владата го задолжи Секторот за односи со јавност на Владата да започне  со засилена и унифицирана медиумска кампања за сите донесени одлуки, мерки и препораки на Владата во врска со коронавирусот КОВИД-19.

На оваа своја седница Владата ја разгледа и усвои Информација за исплата на пензии за април 2020 година, и го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 23.04.2020 година.

Како заклучок во врска со исплатата на априлските пензии, Владата заклучи да им препорача на деловните банки од петок 24.04.2020 година да обезбедат пензионерите со априлските пензии да може да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.

Како дополнителен заклучок им се препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

- Во понеделник, на 27.04.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;

- Во вторник, на 28.04.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;

- Во среда, на 29.04.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;

- Во четврток, на 30.04.2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.

На денешната седница Владата ја донесе Уредбата со законска сила за формирање на фонд за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од коронавирусот КОВИД -19

Со оваа уредба со законска сила се уредува формирањето,  финансирањето, како и намената на средствата на Фондот за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од коронавирусот КОВИД-19.

Средствата собрани во Фондот, ќе се користат за финансиска поддршка на економските мерки за помош и поддршка на микро, малите, средните и големите претпријатија во надминување на економската криза предизвикана од коронавирусот КОВИД-19.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?